Иднината на роботиката денес беше претставена во Скопје

Скопје, 4 јули 2022 – Денес претставниците на медиумите имаа можност одблизу да го запознаат CyberDog, четвороножниот робот кој е воедно и пионер на роботиката на компанијата Xiaomi. На присутните им беа презентирани бројните команди и напредни функции кои овој робот ги поседува, а се реткост за јавноста на нашите простори.  

idninata-na-robotikata-bese-pretstavena-vo-skopje-01.jpg

Дел од функциите што ги фасцинираа присутните беа гласовните команди кои на сопственикот на CyberDog му овозможуваат да постави зборови за будење или едноставно да ја користи неговата апликација за далечински управувач и паметен телефон. Токму заради овие функции Xiaomi CyberDog е еден вид домашен миленик од нова генерација. Сопственикот може да го повика за различни задачи, но и да ги користи многубројните можности за комуникација.

idninata-na-robotikata-bese-pretstavena-vo-skopje-02.jpg

Екстерниот интерфејс на CyberDog е исто така богато развиен. Поседува 3 приклучни порта тип C и еден HDMI порт, што на корисниците им овозможува слобода да истражуваат и интегрираат широк спектар на иновативни и креативни хардверски додатоци или софтверски системи, како светло за пребарување, панорамска камера, камера за движење, LiDAR и многу други.

idninata-na-robotikata-bese-pretstavena-vo-skopje-03.jpg

Овој храбар чекор на Xiaomi кон истражување на технологијата на иднината е инспириран од живите суштества, а е резултат на посветената работа и експертизата на инженерите на компанијата. CyberDog е калибриран со интерно развиени серво мотори кои на роботот му даваат голема брзина и широк спектар на движења. Со максимален излезен вртежен момент и брзина на ротација до 32 N•m/220 вртежи во минута, CyberDog може да изведува серија движења со голема брзина до 3,2 m/s и комплицирани дејства, како што се превртувањa наназад.

idninata-na-robotikata-bese-pretstavena-vo-skopje-17.jpg

Мозокот на роботот го води суперкомпјутер со вештачка интелигенција на NVIDIA Jetson Xavier NX платформа. За своите сопственици, CyberDog беспрекорно ги обработува масивните податоци што ги складира во својот сензорски систем.

За да може целосно да ги имитира живите организми, CyberDog е опремен со 11 сензори со висока прецизност кои обезбедуваат моментална повратна информација што му помага да се движи. Ова вклучува сензори за допир, камери, ултразвучни сензори, GPS модули и многу други, кои му даваат на CyberDog зголемена способност да ја почувствува, анализира и да комуницира со околината.

idninata-na-robotikata-bese-pretstavena-vo-skopje-20.jpg

За компанијата Xiaomi:

Корпорацијата Xiaomi е основана во април 2010 година и котирана на Главниот одбор на берзата во Хонг Конг на 9 јули 2018 година (1810.HK). Xiaomi е интернет компанија со фокус на паметни телефони и паметен хардвер, поврзани со платформата за Интернет на нештата (IoT).

Со еднаков акцент на иновации и квалитет, Xiaomi континуирано цели кон висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата неуморно гради врвни производи со реални цени, за да им овозможи на сите во светот да уживаат во подобар живот преку користење на иновативна технологија.

Од вториот квартал на 2021 година, Xiaomi е на второ место како бренд за паметни телефони на глобалниот пазар, со светски водечката IoT платформа со повеќе од 351,1 милиони паметни уреди поврзани на нејзината платформа, не вклучувајќи ги паметните телефони и лаптопи. Производите на Xiaomi се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2021 година, компанијата по трет пат се најде на листата на Fortune Global 500, рангирајќи на 338-то место, што е раст од 84 места во споредба со 2020 година. Компанијата исто така го зема 7-то место меѓу интернет компаниите на листата.

Xiaomi е составен дел на Hang Seng индексот, Hang Seng China Enterprises индексот и Hang Seng TECH индексот. За повеќе информации за компанијата посетете го линкот https://blog.mi.com/en/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg