СКОПСКО Smooth ја лансираше Smooth On - Свежа музика на само клик од тебе

Пивото што е синоним за младост, бунт, слобода и свежина, ја продолжува својата автентична приказна со лансирањето на музичката платформа Smooth ON

skopsko-smooth-ja-lansirashe-smooth-on-svezha-muzika-na-samo-klik-od-tebe-01.jpg

СКОПСКО Smooth ги собира на едно место луѓето што со децении ја креирале, дефинирале и живееле музичката сцена, за да ги пронајде, поддржи и промовира најсвежите и најоригиналните домашни артисти.

Лансирањето се случи на најсоодветното место за промоција на македонската музика – Д-Фест во Дојран каде преку отворена панел дискусија во СКОПСКО Smooth катчето отворено се дискутираше за македонската музичка сцена со Тошо Филиповски, Гоце Саф, Филип Николовски и Огнен Стојановски.

skopsko-smooth-ja-lansirashe-smooth-on-svezha-muzika-na-samo-klik-od-tebe-02.jpg

Панел дискусијата покажа дека постои потреба често и отворено да се зборува на оваа тема, да се изложуваат предизвиците и да се креираат решенија, но клучната порака и заклучок е дека имаме сцена која има огромен креативен и творечки потенцијал и која треба да се поддржи.

skopsko-smooth-ja-lansirashe-smooth-on-svezha-muzika-na-samo-klik-od-tebe-03.jpg

Наскоро целата дискусија ќе биде објавена на Smooth ON, a во меѓувреме ве покануваме да ја слушнете музичката селекција на нашите панелисти која само докажува колку е богата, разновидна и прогресивна македонската музичка сцена.

Вклучи се и слушај свежа музика!

Повеќе информации ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg