Совети за безбедно онлајн плаќање: Летниот шопинг направете го од удобноста на вашиот дом!

Шест букви и го добиваме магичниот збор кој инстанто нѝ го подобрува расположението. Шопинг. Едноставно нема кој не ужива во ново парче облека, накит, технологија или мал милион останати слатки задоволства. Сепак, кога температурите го поминуваат 30-тиот степен, а УВ зраците бараат фактор поголем од 50, шопингот може од слатко задоволство да се претвори во жежок кошмар.

soveti-za-bezbedno-onlajn-plakjanje-letniot-shoping-napravete-go-od-udobnosta-na-vashiot-dom-02.jpg

Но, благодарение за експанзијата на е-трговијата, денес буквално сè ни е достапно од удобноста на нашиот дом. И покрај сигурноста на плаќањата со картичка, сепак постојат ситуации кога невнимателноста може да нѐ чини нерви и пари, па затоа од Интернационален картичен Систем АД – КаСис советуваат како да се намали  ризикот при плаќање онлајн, а вие да можете слободно да пазарувате!

Верувајте само на веб-продавници кои користат енкрипција

Не сите страници за е-трговија обезбедуваат идеални услови за безбедно купување преку интернет. Важно е да го ограничите купувањето на енкриптирани веб-продавници и да извршувате трансакции само кога сте на доверлива WiFi мрежа. Проверете дали на URL лентата се појавува симбол „катанче, “ како и до името на вашата WiFi мрежа. Доколку при трансакцијата се отвори прозорчето на CPay, бидете сигурни дека вашите податоци се на безбедно! За поголема безбедност тука е двојната верификација со OTP лозинка – тоа значи дека при секое плаќање на вашиот мобилен телефон ќе пристигне код за верификација без кој нема да може да се изврши плаќањето. Следењето на овие чекори е најдобриот начин да бидете сигурни дека вашите лични информации се пренесуваат на најбезбеден можен начин.

Заштитете ги вашите лични податоци

Нормално е онлајн трговците да бараат дополнителни детали и преференции за да го направат вашето шопинг искуство персонализирано. Бидете особено внимателни во тоа кои податоци ги оставате при креирање на профил. Матичен број, ПИН од картичка или ЦВВ број е никогаш не смеете да ги откривате или зачувувате на персонализиран профил за е-трговија.  

Создадете уникатни лозинки за секоја веб-продавница

Избегнувајте да ја користите истата лозинка за секој сајт за онлајн шопинг што го посетувате. На тој начин, ако вашите информации за најавување бидат украдени на еден од профилите, другите ваши профили, а со тоа и сметки нема да бидат компромитирани.

Побарајте дали има „S“ на URL

Секогаш кога внесувате лични информации или информации за кредитна картичка на веб-локација, проверете дали страницата е заштитена. Најбрзиот начин да се провери за ова е во URL-то. УРЛ-адресата на веб-страницата треба да започнува со https:// (наместо http://).

Бидете внимателни на „Зделките од соништата“

Секогаш на големите попусти треба да гледате со доза на скептицизам. Кога артиклите се на цена значително пониска отколку што треба, тоа можеби е знак дека автентичноста на веб-страницата е под знак прашање. Ниските цени се примамливи, но ако е премногу добро за да биде вистина, обично излегува дека интуицијата не нè лаже.

soveti-za-bezbedno-onlajn-plakjanje-letniot-shoping-napravete-go-od-udobnosta-na-vashiot-dom-03.jpg

Побарајте информации за услуги на клиентите

Безбедните сајтови за онлајн шопинг имаат бесплатна линија за услуги на клиентите или адреса за е-пошта и најчесто се лесно достапни. Исто така, важно е да се прочитаат политиките за поврат на средства и размена на веб-страницата: отвореноста за овие услови најчесто е добар показател за кредибилитет.

Не кликнувајте на недоверливи „Pop up ads“

Вообичаена практика е трговците на мало да користат pop up ads за е-билтени, промоции и флаери. Сепак мора да внимавате на измамите со фишинг. Непријатните pop up ads се начин измамниците да ги намамат или збунат онлајн купувачите. Погрижете се да имате инсталирано блокатор на реклами кога купувате на непознати веб-локации за да избегнете да бидете мета на фишинг.

Проверете го изводот на вашата картичка

Внимавајте на изводите од вашата картичка, дури и откако ќе ја примите купената ставка. Секогаш е паметно да се осигурате дека нема скриени трошоци или суми кои се одземаат од вашата сметка, а кои се од непознати продажни места.

Во ред, сега може да се фрлиме на шопинг. Попустите се во полн ек, еуфоријата за плажа и море е насекаде, па сè што треба е да направите е една долга шопинг листа, студен коктел и шопингот може да почне!

soveti-za-bezbedno-onlajn-plakjanje-letniot-shoping-napravete-go-od-udobnosta-na-vashiot-dom-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg