Перење и сушење алишта - од омраза до љубов со вистинската машина

На оние што живеат во стан без тераса, но и на сите други, во студените и дождливи денови им е позната сликата како алиштата се сушат низ целата куќа додека беспомошно переме се повеќе и повеќе, не знаејќи каде сето тоа да го ставиме да се суши. Дури и ако можност да се проветруваат алиштата надвор, кај одредени видови ткаенина, како што се волна, свила и синтетика, треба да биде многу внимателен, да не се стврднат од ветрот или избледат на сонце.

perenje-i-sushenje-alishta-od-omraza-do-ljubov-so-vistinskata-mashina-01.jpg

Затоа машината за перење и/или машината за сушење е еден од вашите главни сојузници во куќата...и тоа не е само обична изрека. Од моментот кога Gorenje комбинираната машина за перење и сушење ќе стане дел од вашиот живот, одржувањето на алиштата ќе стане една од вашите омилени активности во домаќинството.

Навистина станува збор за машина која е спој на врвна технологија и модерен дизајн. Покрај тоа што темелно ги чисти алиштата и штити од алергени и непријатни мириси, десетгодишната гаранција на инвертер моторот ќе ве увери дека имате апарат со врвен квалитет во домот.

Што се однесува до технологијата што се користи, Gorenje комбинираната машина за перење и сушење е дизајнирана да ја врши работата на ефективен, лесен и еколошки начин. Програмите ги рехидрираат влакната, што ја прави облеката помека и помалку гужвана. Технологијата IonTech го збогатува воздухот во машината со негативно наелектризирани јони, кои ги елиминираат алергените и негативните мириси, а функцијата SteamTech овозможува дополнителен третман со пареа на крајот од сушењето. NatureDry симулира сушење на свеж воздух, при што материјалите остануваат меки и неоштетени и го задржуваат својот квалитет подолго.

Инвертер моторот што го споменавме погоре, тивок и исклучително ефикасен, е дизајниран да овозможи долговечност на машината за перење, а во исто време заштедува електрична енергија при секое перење.

Една од главните карактеристики на Gorenje машината за перење и сушење е импресивната програма Fast 89' која ги суши вашите алишта за 89 минути. Можете ли да замислите да ја завршите вашата рутина за само 120 минути? Со најдобрата комбинација на Gorenje машината за перење и сушење, ова сега е можно.

Сите кои имаат проблеми со алергии, ќе бидат воодушевени од функцијата AllergySteam - висок интензитет на пареа, која ефикасно ги отстранува алергените како што се мали честички прашина и грини, без да ја оштети облеката и непријатните мириси.

До крајот на овој месец, комбинираната машина за перење и сушење алишта WD10514S е со промотивна цена. Но, тоа не е сѐ! На летната промоција на Gorenje ве очекуваат уште многу неверојатни производи. Нурнете во летото и најдете повеќе информации на mk.gorenje.com.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg