Се снима филм за Аца Лукас во цела поранешна Југославија, една од локациите е и Скопје

Најголемата регионална ѕвезда Аца Лукас неодамна ја изненади својата публика со автобиографската книга „Ова сум јас“, која наиде на фантастични критики.  

se-snima-film-za-aca-lukas-vo-cela-poraneshna-jugoslavija-edna-od-lokaciite-e-i-skopje-01.jpg

Со оглед на реакциите на публиката и интригантниот живот на популарниот пејач прикажан во книгата, во соработка со продуцентот Саша Мирковиќ и Хајп продукција, решија да снимаат филм и серија која ќе го носи насловот „Kafana na Balkanu “ - како еден од безвременските хитови на Лукас, а по се изгледа, таков ќе биде и овој филмски проект.  

Засега е познато дека режисер на овој проект ќе биде Сузана Пурковиќ, која оствари фантастична соработка со продуцентската куќа „Hype“, а фолкерот ќе го глуми еден од најталентираните актери на помладата генерација Младен Совиљ.

Подготовките се веќе во тек, а како што открива продуцентот Саша Мирковиќ, филмот ќе се снима во неколку градови на поранешна Југославија: 

Kafana na Balkanu ќе се снима во Белград, Сараево, Мостар, Будва, Скопје, Сплит и Бања Лука. Буквално во сите центри на поранешна Југославија, бидејќи кариерата и животот на Аца се поврзани и со Белград и со сите овие градови. Горд сум што овој филм ќе биде Југославија во едно и што актерите ќе бидат од сите овие земји. Во моментов екипата ги означува сите локации каде што ќе снимаме. Публиката може да очекува добар филм и серија - вели Мирковиќ.

промотивна објава

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg