Вашиот нов омилен телефон на преклопување!

1_Galaxy Z Flip4 family.jpg

Паметните телефони се тука да ни го олеснат животот, да ни ја забрзаат работата и да ни го зголемат уживањето. Сигурно не може ни да замислите дека еден телефон да ги покрие сите 3 категории! Samsung Electronics, лидер во своите познати смартфони на преклопување, ги претстави своите нови паметни телефони од четвртата генерација, Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4 како уреди со легендарен дизајн и импресивни карактеристики. Иновативноста и функционалноста на овие уреди поставија висока лента за карактеристиките на паметните телефони и отворија нов свет на можности.

Galaxy Z Fold4: Мултитаскингот никогаш не бил полесен!

За сите работохоличари на кои им треба совршен уред за работа, Galaxy Z Fold4 е вистинско моќно решение за  извршување на повеќе задачи со подобрени перформанси, 7,6-инчниот Infinity Flex дисплеј со совршено непречено отворање и поддршка за S Pen ви отвораат нов свет на можности. Корисниците можат да ги користат целосно оптимизираните функции на S Pen на својот екран, што е совршен избор за оние кои се во движење или кои работат со повеќе задачи. Со овој совршен уред за мултитаскинг, на корисниците им е полесно од кога било да проверат кои задачи ги завршиле додека читаат е-пораки. Новиот таскбар  прикажува распоред сличен на оној на компјутерите и нуди пристап до вашите омилени и неодамна користени апликации. Мултитаскингот исто така е попрегледен благодарејќи на новите гестови за лизгање. Можете веднаш да се префрлите од апликации на цел екран на повеќе прозорчиња или да го поделите екранот на пола со цел полесно да извршувате повеќе работи истовремено. 

4_Galaxy Z Fold4 family.jpg

Во однос на можностите за продуктивност, Flex Mode на паметните телефони Galaxy Z Fold4 обезбедува одлични можности за мултитаскинг. На пример, корисникот може истовремено да се придружи на видео повик на предниот екран додека прави белешки на главниот екран. Понатаму, Galaxy Z Fold4 ја носи и ажурираната технологија за прикажување на прозорци Multi-Active за користење на повеќе апликации одеднаш на големиот екран. Конечно, корисниците можат да креираат и персонализирани кратенки за повторно отворање на апликациите на ист начин благодарение на функцијата App Fair, каде што новата лента со задачи овозможува непречено префрлување помеѓу апликациите без да мора да одите во главното мени. Значително олеснување за секој ваш работен ден, нели?

Но, не е сè во работата, има нешто и за забава, така што корисниците на паметниот телефон Galaxy Z Fold4 можат да уживаат во вистинско кино искуство на нивниот екран, без разлика дали се работи за фотографии, видеа или можеби дури и гејмерска содржина. За целокупното искуство придонесува и дизајнот на камерата, скриен под екранот, кој не пречи на екранот. Содржината е сeопфатна и поизразита на 7,6-инчниот главен екран  со поголемо ниво на светлост, поприлагодлива стапка на освежување од 120Hz  и помалку видлива камера под дисплејот (UDC) која се одликува со нов пораспрскан распоред на подпиксели. Популарните апликации на друштвени мрежи како што е Facebook, се оптимизирани за искуство на голем екран со цел повеќе да се ужива во содржината. Исто така, можете да ја отворите апликацијата на вашиот омилен стриминг сервис за забава како што е Netflix  и да гледате содржина без прекин со новиот Flex Mode Touchpad , кој нуди прецизност при запирање, премотување или емитување на видеа или зумирање на содржината додека уредот е во Flex режим

6_Galaxy Z Fold4 and Z Flip4.jpg

Имајќи предвид дека ова е еден од смартфоните „на сите времиња“, Galaxy Z Fold4 доаѓа во три безвременски бои: Фантомска црна, беж , сивозелена.

Galaxy Z Flip4 – Изразете го вашиот стил!

Додека од една страна имаме работохоличари, на кои функционалноста и брзината им причинуваат задоволство кога станува збор за избор на паметен телефон, од друга страна има креативни луѓе кои сакаат да ги приспособат своите паметни уреди на нивниот стил. Ова е овозможено со паметниот телефон со преклопување Galaxy Z Flip4, благодарение на неговиот елегантен дизајн кој се вклопува во вашиот џеб, надополнет со врвни функции. На предниот екран се прикажуваат и календарот, времето и бројот на дневни чекори на корисникот, а можно е дополнително да се персонализира со функции со додатоци на Cover Screen и избрана фотографија во позадина, како и да се интегрира со опциите што ги нуди новата серија на Galaxy Watch5 паметните часовници.

Кој е подобар начин да ја изразите вашата креативност отколку преку фотографија и видео содржина? Galaxy Z Flip4 им овозможува на корисниците да направат неверојатен портрет или селфи без раце со Flex Mode. Исто така, кај моделот Flip4, со помош на интерфејсот на насловниот екран на предниот екран, можно е и снимање видео со помош на опцијата Quick Shot . Сè што треба да направте е да кликнете двапати на копчето за вклучување на паметниот телефон.

7_Galaxy Z Fold4 and Z Flip4.jpg

Galaxy Z Flip4 е опремен и со напредни стерео звучници со поддршка за Dolby Atmos®, што овозможува звук со висока јасност, длабочина и движење низ просторот без оглед на тоа што гледа или слуша корисникот. Благодарение на режимот Flex Mode, корисникот може и практично да ужива во својата омилена содржина, каде видеото може да се гледа на горниот дел од екранот, додека осветленоста и јачината може да се контролираат на долниот дел.

За сите креративци Galaxy Z Flip4 е достапен во: Графитна, розово-златна, сина, светловиолетова.

Нарачај пред сите!

Искористете го попустот во промотивниот период кој трае до 25.08.2022 во кој добивате 12.000 денари попуст за Galaxy Z Fold4 и 9.000 денари за Galaxy Z Flip4. Со оваа промоцја добивата можност и за откупување на стариот телефон. Исто така, корисниците остваруваат право на осигурување на екранот (осигурување за внатрешниот екран на уредот кое покрива една штета настаната во рок од една година од купувањето на уредот со учество во штетата).

MK-Galaxy-Z-Flip4--Z-Fold4-Preorder-IG-1080x1080.jpg

За повеќе информации за Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4, посетете ги www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/global или https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold4-z-flip4

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg