Видеолотарија Касинос Австрија спонзор на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов - Сокол“

Видеолотарија Касинос Австрија со спонзорство од 180.000,00 денари придонесе за рестартирање на турнирот во мал фудбал „Сокол”. 

videolotarija-kasinos-avstrija-sponzor-na-memorijalniot-turnir-vo-mal-fudbal-oliver-sokolov-sokol-01.jpg

Видеолотарија е спонзор на еден од најпознатите турнири во мал фудбал, Меморијалниот турнир Оливер Соколов – Сокол. Турнирот по пауза од две години заради пандемијата, повторно се враќа на спортскиот календар. Ќе стартува според традицијата, на први септември со почеток во 20:00 часот на игралиштето „Сокол“ во општина Карпош. Ова е негово 18 издание.

Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg