6 години Проект на УСАИД за граѓанско учество – Силни граѓани за отчетни институции

29.08.2022, Скопје – Денес во Скопје, Агенција на САД за меѓународен развој (УСАИД) го одбележа завршувањето на шест годишниот Проект за граѓанско учество преку кој се поттикна и унапреди дијалогот меѓу граѓаните и владата за важни општествени прашања, го зајакна конструктивното учество на граѓанските организации во врска со политики и прашања насочени кон антикорупција, транспарентност и владеење на правото, и придонесе кон зголемување и одржување на учеството на младите во јавниот живот во Северна Македонија.

6-godini-proekt-na-usaid-za-gragjansko-uchestvo-silni-gragjani-za-otchetni-institucii-01.jpg

Преку проектот, УСАИД даде придонес во напорите на државата да промовира инклузивност, да ги вклучи младите во општествените процеси, да ја намали корупцијата и да ја зголеми транспарентноста и ефективноста на институциите.

На настанот се обрати Н.Е. Кејт Мари Брнз, Амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, која истакна:

„Вие јасно го гледате патот на земјата кон ЕУ и препознавате што заслужуваат граѓаните на оваа земја. Се надевам дека лидерите на политичката структура ќе сфатат колку е критично да се променат системите и структурите кои дозволуваат корупцијата да предизвика таква штета. Како што рече претседателот Бајден, „корупцијата е рак: рак што ја јаде вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновација и креативност... Го троши талентот на цели генерации. Тоа ги плаши инвестициите и работните места“. Постигнавме своевиден напредок, но има уште многу работа да се направи и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме граѓаните на оваа земја додека се справуваат со тешките реформи за да се осигурате дека сите се еднакви пред законот и дека корупцијата нема да се толерира“, додаде таа.

6-godini-proekt-na-usaid-za-gragjansko-uchestvo-silni-gragjani-za-otchetni-institucii-02.jpg

Марк Дитрих, Потпретседател на Ист-Вест Менаџмент Институтот, посочи:

„Проектот на УСАИД за граѓанско учество работеше директно со Владата на Северна Македонија на реформите за антикорупција и транспарентност, под раководство на вицепремиерката Грковска. Заедно, воспоставивме основа за институционални промени во процесите и процедури за транспарентност, антикорупција и владеење на правото, особено во поглед на отворање на податоците на институциите кон јавноста. Во исто време, Проектот на УСАИД за граѓанско учество создаде побарувачка кај граѓаните за отворени податоци, како и за добро владеење, правично судење и учество на граѓаните. Позитивните подобрувања како ова не возбудуваат и ќе поттикнат надеж кај граѓаните на Северна Македонија, но иако е постигнат значителен напредок на централно и општинско ниво, има уште долг пат да се оди. Ние во Ист-Вест Менаџмент Институтот ќе се обидеме да ја продолжиме нашата мисија во Северна Македонија и да ги надградиме нашите успеси, достигнувања и партнерства“.

6-godini-proekt-na-usaid-za-gragjansko-uchestvo-silni-gragjani-za-otchetni-institucii-03.jpg

Свое обраќање имаше и Славица Грковска, Вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење во Владата на Република Северна Македонија, која се заблагодари за поддршката од УСАИД во поглед на реформите за антикорупција и владеење на правото, и притоа нагласи:

„Формирањето на посебен Кабинет задолжен за политики за добро владеење значеше дека оваа Влада има намера за воспоставување ред во државата од највисоко, па до најниско ниво. Поддршката од УСАИД за нас дојде во вистински момент, зашто ги воспоставивме темелите на принципите за добро владеење. Воспоставивме критеруми и стандарди, кои во иднина, на мое големо задоволство, ќе мора да бидат почитувани од сите. Успеавме да ги зајакнеме капацитетите на тимот, да изградивме одржливи партнерства со сите други институции, без да навлеземе во нивните надлежности, сеедно дали се тие дел од владата или независни, како судството, обвинителството или антикорупциската комисија, како и со граѓанскиот сектор и бизнис секторот, како релевантни чинители во екосистемот на владеење на правото“.

На настанот учествуваа претставници на државните институции, граѓанските и младински организации и млади лица кои биле партнери, соработници и корисници во рамки на проектот, и ги истакнаа успесите кои ги постигнале и реализирале со поддршката од УСАИД. Проектот за граѓанско учество го имплементираа Ист-Вест Менаџмент Институтот, во партнерство со локалните партнери Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg