Сите здравствени придобивки од консумирањето кефир

Кефирот претставува млечен пијалак кој наликува на јогурт и истиот се произведува по пат на ферментација на млекото со додавање кефирни зрна, кои се исклучително здрави за човековиот организам. Овој густ млечен пијалак е важен за здравјето на децата, возрасните и за сите оние кои сакаат да одржуваат нормална телесна тежина.

site-zdravstveni-pridobivki-od-konsumiranjeto-kefir-01.jpg

Консумирањето кефир носи огромни придобивки за доброто здравје. Има позитивно влијание преку зајакнување на имунитетот кај секоја индивидуа. Го чисти организмот од токсини и го регулира крвниот притисок. Со редовно консумирање кефир се ублажуваат воспаленијата во организмот така што делува и против габички и бактерии, а исто така помага и при стрес и несоници. Посебно е корисен за оние со намалена циркулација, па затоа е препорачлив и за возрасната популација, го регулира крвниот притисок и го намалува лошиот холестерол.

Придобивките од кефирот иако се познати одамна, се прошируваат со постојаните истражувања и потврди за користа и влијанието врз здравјето. Кефирот се препорачува за сите возрасти, за подобрување на општата здравствена состојба преку внесување во дневното мени и со редовна консумација.

Затоа и е се повеќе баран, а Бимилк со својот Баланс+ кефир, од неодамна присутен на пазарот, ја зголеми достапноста до овој благотворен напиток. Баланс+ кефирот е направен со кефирни култури, клучни за неговото дејство и уште 5 млечни култури, кои исто така се носители на корисни состојки. Има благ и кремаст вкус, и квалитет како дома подготвен. Баланс+ кефирот е достапен во две пакувања, од 950 грама и 500 грама.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg