Возач со плата 80.000 денари, сметководители, работа за обезбедување: Аплицирајте на актуелните огласи за работа

Барате нова работа или сакате да ја промените постоечката? Погледнете ги актуелните огласи во моментов.

vozac-so-plata-80000-den-smetkovoditeli-rabota-za-obezbeduvanje-aplicirajte-na-aktuelnite-oglasi-za-rabota-01.jpg

Една од водечките компании во индустријата за лифтови „МАКЛИФТ“ е во потрага по нови колеги на работните места лифт-монтер, помошник монтер на лифтови и асистент сервисер на лифтови. За истите ќе биде обезбедена обука и специјализација. Аплицирајте тука.

Еуромак Хотели вработуваат 4 работници за обезбедување, плата 20.000 ден.  

Ако имате возачка дозвола Е категорија и сте подготвени за нов предизвик, Малинков Шпед од Кавадарци, вработува возач на шлепер на релација Македонија – ЕУ- Македонија. Платата е 80.000 ден. Аплицирајте тука.

Scopic е една од најголемите софтверски и маркетинг компании во светот со повеќе од 250 вработени во 40 земји од светот. Сите вработени работат од дома. Вработуваат Remote Technical Lead.

vozac-so-plata-80000-den-smetkovoditeli-rabota-za-obezbeduvanje-aplicirajte-na-aktuelnite-oglasi-za-rabota-02.jpg

Ако сте љубител на книги и сакате да бидете дел од тимот на Книготека Икона, во моментов има две отворени позиции за продавачи. Платата е 18.000 ден. Повеќе инфо .  

Винарската визба Имако Вино објавува оглас за работна позиција магационер за потребите на преставништвото во Скопје.

Дакос Груп има потреба од овластен сметководител.

vozac-so-plata-80000-den-smetkovoditeli-rabota-za-obezbeduvanje-aplicirajte-na-aktuelnite-oglasi-za-rabota-03.jpg

Отворена е позиција и за адвокатски стручен соработник во Адвокатското друштво „Богданов и Богданов“. Аплицирајте тука.

Фармацевти и фармацевтски техничари се потребни во аптеката Мента фарм во Куманово и во Гала фарм во Скопје.

Олимпија моторс вработува Сервисен консултант.

Следете ги сите актуелни огласи овде и приклучете се во Фејсбук групата за огласување.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg