The Body Shop, брендот што носи промени, пристигна во Македонија

„Бизнисот го обликува светот и има моќ да го менува општеството“, велеше дамата Анита Родик, основачка на бунтовниот британски бренд на козметика инспирирана од природата, The Body Shop, кој влегува на македонскиот пазар.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-12.jpg

Нивната концептуална продавница, лоцирана во „Скопје Сити мол“, се отвори синоќа со дебата насловена „Убавина што носи промени”, откако претходно 15 жени, мажи, девојки и момци, продефилираа со транспаренти на кои беа испишани пораки за љубов кон себеси, кон заедницата и кон планетата.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-01.jpg

„Љубовта кон себеси е нашата супермоќ“, „Убавината е надворешен израз на сè што ти се допаѓа кај тебе“, „Реупотреби. Наполни. Повтори.“, „НЕ за производи тестирани на животни“, „ДА за веганска убавина“... ова се само дел од пораките кои беа пренесени преку „Маршот на убавината“. Во рамките на дебатата, пак, дискутираа повеќе инфлуенсери, новинари, активисти и јавни личности, а ја модерираше авторката, феминистка и некогашно ТВ-лице Ана Јовковска. Беа отворени повеќе прашања на овие теми, на пример што значи љубов за себеси, како се справуваме со притисокот на општеството во поглед на стандардите за убавина и како индустријата за разубавување да се промени за да биде одржлива и да остава помал отпечаток врз околината и живиот свет.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-02.jpg

Ваквото отворање воопшто не е изненадување за љубителите на брендот во чија приказна, која трае повеќе од 40-години, се вткаени многу битки за позитивни промени, за човекови права, за заштита на животните и околината и промовирање љубов кон себеси.

Моќта на убавината што носи промени

Водена од филозофијата дека бизнисот треба да е сила што носи позитивни промени и од желбата да живееме во пофер и поубав свет, Родик ја отвора првата продавница на The Body Shop во 1976 година во Брајтон, Англија, со само 25 рачно направени производи, инспирирани од природата. Таа сакаше да изгради бренд кој ја истражува околината со страст, љубезност и љубопитност и да почне револуција втемелена на љубов. Нејзината мисија беше да создаде бизнис кој го негува човековиот дух, инспирира активизам и ѝ дава на планетата повеќе отколку што зема од неа. И успеа во тоа.

Со повеќе од 3.000 продавници во 80 земји и над 700 производи, денес The Body Shop е вистински глобален бренд. Нуди висок квалитет, нега на кожа, коса и декоративна козметика инспирирани од природата, создадени етички и одржливо. Со активизмот во својата ДНК, The Body Shop продолжи да бара социјална правда секаде каде што тргува, што му донесе поддршка од цели генерации вработени и потрошувачи, кои ги делат истите вредности.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-03.jpg

Моќта на природните состојки

Како што растеше The Body Shop, Анита Родик патуваше околу светот за да пронајде функционални природни ресурси и притоа учеше за ритуалите на убавина и за таинствени состојки што се користат во различни краишта. The Body Shop и денес чувствително тргува со мудроста и со богатството на природата. Сите нивни вредни природни состојки како еделвајс, шеа и чајно дрво се етички и одговорно одгледани и купени. Секој производ раскажува приказна.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-08.jpg

Потрошувачите во Македонија ќе добијат можност да пробаат некои од најдобро продаваните продукти, како ултрабогатиот шеа-путер за тело создаден од состојки добиени од партнерите од Гана преку Програмата за фер-трговија со заедницата, моќното прочистувачко масло од чајно дрво добиено од Кенија или, пак, дневниот серум-концентрат Еделвајс, еден од најбараните производи, кој ја измазнува и ја заштитува кожата од агресорите на околината.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-04.jpg

Планетата на прво место

Како посветен двигател на позитивни промени, The Body Shop ги моделира своите продавници, вклучително и новата во Скопје, врз база на стратегијата на брендот да го минимизира сопствениот отпечаток врз околината. Продавницата во „Сити мол“ е изградена од 100% рециклирано дрво и рециклирана пластика коja требало да заврши на депонија, како и од цинк и алуминиум, нискоенергетски метали кои може неограничено да се рециклираат. Концептот на продавницата, како дел од локалната заедница, е да биде интерактивен простор кој ги охрабрува луѓето да ја истражат сетилната раскошност на природниот свет додека разговараат за прашањата што им се важни.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-05.jpg

Реупотреби. Наполни. Повтори

The Body Shop знае дека малите дејства може да направат разлика и токму затоа има мисија да ја направи секојдневие амбалажата за повторно полнење. Купувачите може да набават алуминиумско шише од 300 милилитри, наменето за повторно полнење, и да го полнат со некој од најбараните гелови за туширање, шампони, кондиционери и течни сапуни.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-09.jpg

Вработените во продавницата секогаш се пријателски расположени и подготвени да им помогнат на купувачите, и да ги запознаат со сите аспекти на продавницата, со приказните на производите и со рециклираните материјали во кои се спакувани. Едуцирани се да дадат стручен совет за грижа за телото, кожата и косата, како и за шминка, персонализирано за секој купувач.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-06.jpg

На официјалното отворање присуствуваше и Џулија Смит, заменик-амбасадорка на Обединетото Кралство во нашата земја, која заедно со Ана Крстевска-Каламадевска, генерален менаџер на The Body Shop Македонија, ја пресече лентата.

- The Body Shop секогаш отворал теми и почнувал дискусии. Сакаме оваа продавница да биде токму тоа – место каде што луѓето ќе се чувствуваат добро и ќе споделуваат задоволство затоа што прават позитивна промена - вели Крстевска-Каламадевска.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-07.jpg

Брендот најавува и скорешно отворање на е-продавница, која ќе им ги доближи производите на The Body Shop на потрошувачите од целата земја.

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-10.jpg

the-body-shop-brendot-shto-nosi-promeni-pristigna-vo-makedonija-11.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg