Лидл Северна Македонија продолжува со својата кампања за вработување за позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, испраќајќи јасна порака за својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар, инвестициите, развојот на локалната економија и отворањето нови можности за вработување. Кампањата „Добра игра. Фер плеј“ има за цел да ги доближи можностите што Lidl ги нуди како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани кандидати да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност, почит и професионалност.