Скопје, 27.04.2026 – НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратегијата 2030“,оперативната ефективност и засилените продажни активности, но и ефикасното управување со ризиците и унапредување на корисничкото искуство, во првиот квартал од годината, НЛБ Банказабележа раст во сите сегменти од деловното работење.