Во основното училиште „Св. Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка утре (3 февруари) ќе се одржи работилница против врсничко насилство, наменета за родители, а организирана од „Макпетрол“. Почетокот на оваа едукативна средба е закажан за 18 часот. Активноста е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. Во текот на средбата, присутните родители ќе имаат можност да го слушнат стручното искуство за овој проблем на психологот Деспина Стојановска.