Меган Фокс и Машин Ган Кели среќни на плажа на Хаваи: „Повторно се заедно, сродни души се“ (фото)
- Детали
- понеделник, 10 април 2023
Според извор близок до Меган Фокс и Машин Ган Кели, одморот на Хаваи им помогнал да ги решат проблемите во врската и сега повторно се заедно. Ова го потврдуваат и најновите папарацо фотки од парот, на кои и двајцата изгледаат навистина среќно. На фотографии од пред неколку денови, тие изгледаa мизерно и наводно не се ни погледнувале.
По фотките на кои Меган Фокс и Машин Ган Кели изгледаат мизерно на нивниот одмор на Хаваи, извор близок до парот сподели дека сега успеале да ја спасат врската и се во добар однос.
Зборовите на изворот ги потврдуваат и најновите папарацо фотки од парот.
И новите фотки се направени на Хаваи, а Меган и Машин Ган Кели изгледаат навистина среќно.
Парот е фотографиран на плажа, а во еден миг, музичарот ја носи актерката на грб додека таа се смее.
Набрзо потоа, во јавност се појавија и други фотки од одморот на кои Меган Фокс и Машин Ган Кели се држат за рака.
За потсетување, само неколку денови претходно, парот беше во ресторан на Хаваи и според присутните не се ни погледнувале еден со друг.
Актерката и музичарот ги разгореа гласините за раскинувањето во февруари годинава, а потоа извор близок до нив потврди дека се на пауза.
Тие престанале и да прават планови за венчавката, а еднаш беа забележани и како заедно одат на терапија.
Сепак, одморот на Хаваи им помогнал да ги надминат разликите.
„Официјално повторно се заедно, откако поминаа тежок период во нивната врска. Изминативе неколку месеци беа тешки за нив двајцата.
Но, заедно отидоа на патување за да ја спасат врската и ова функционираше. Се чувствуваат поповрзано од кога било“, открива извор близок до парот.
Истиот извор додава дека Меган е убедена дека Машин Ган Кели е нејзината сродна душа и не ни помислувала да се откаже од нивната врска.
Меган извесен период не го носеше вереничкиот прстен, но изворот тврди дека сега повторно го носи.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





