Ријана задоцни, лебарка прошета на црвениот тепих - Најсмешните мемиња за Мет Гала 2023
- Детали
- вторник, 02 мај 2023
Ријана задоцни, Џаред Лето се појави со костим на мачка, а во еден миг на црвениот тепих се појави и лебарка – и оваа година, твитерџиите ја покажаа смислата за хумор на сметка на Мет Галата и ѕвездите кои присуствуваа.
И овогодишната Мет Гала не помина без шегите и мемињата на твитерџиите на сметка на ѕвездите и нивните модни комбинации.
Можеби најмногу шеги има за Џаред Лето и Доџа Кет чии аутфити беа инспирирани од мачката на Карл Лагерфелд.
Како и на многу настани претходно, Ријана задоцни и на Мет Гала 2023, па имаше доста шеги и на нејзина сметка.
Секако, овде беа и шегите за аутифтите на мажите кои секоја година се речиси идентични.
Најсмешните мемиња за Мет Гала 2023:
Црвениот тепих на Мет Галата не беше црвен, туку бел со сини и црвени шари. Па, многумина се шегуваа дека личел на паста за заби.
„Јас и сите мои другарки додека ја гледаме Мет Галата“.
Веќе неколку години наназад, мажите се критикувани бидејќи не покажуваат никаква креативност за Мет Галата и сите се облечени речиси идентично.
„Се прашувам какви луди, нови возбудливи аутфити ќе носат мажите оваа година на Мет Гала“.
„Ова треба да биде официјално правило на Мет Галата“.
„Норт во автомобилот додека Ким е на црвениот тепих на Мет Галата“.
На листот пишува: „Климата е вклучена. Има вода и ја слуша неговата омилена музика“.
Доџа Кет носеше аутфит во чест на мачката на Карл, додека Џаред Лето носеше костим, пред да се појави во „понормалната“ комбинација.
„Доџа Кет и Џаред Лето“.
„Доџа кога ќе го здогледа Џаред во неговиот костим на мачка“.
„Доџа Кет и Џаред Лето кога ќе се сретнат на Мет Галата“.
И стајлингот на Lil Nas X беше инспириран од мачката на дизајнерот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





