Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се омажила на 21 година, со сопругот криеле дека се заедно – Факти за Јулија Санина, украинската водителка на Евровизија 2023

Признава дека е мошне љубоморна кога обожавателки му праќаат пораки на сопругот, на 21 се омажила за гитаристот на нејзиниот рок бенд The Hardkiss, а на 25 години станала мајка. Што знаеме за Јулија Санина, украинската водителка на Евровизија 2023?

se-omazhila-na-21-godina-so-soprugot-kriele-deka-se-zaedno-fakti-za-julija-sanina-ukrainskata-voditelka-na-evrovizija-2023-01.jpg

Минатата година, победник на Евровизија беше Украина, но заради војната, музичкиот натпревар годинава се одржува во Англија, односно во Ливерпул.

Сепак, во организацијата на Евровизија 2023, Британците вклучија голем број детали што треба да го симболизираат минатогодишниот победник, а во таа насока е и изборот на водителките годинава: две се од Англија, а една е од Украина.

Честа да ја претставува својата земја на Евровизија ѝ припадна на Јулија Санина, позната украинска рок пејачка, текстописец и фронтмен на украинскиот бенд The Hardkiss.

se-omazhila-na-21-godina-so-soprugot-kriele-deka-se-zaedno-fakti-za-julija-sanina-ukrainskata-voditelka-na-evrovizija-2023-02.jpg

Инаку, Јулија била во украинскиот избор за песна претставник на Евровизија во 2016-та година. Нејзиниот бенд The Hardkiss го освоил второто место на домашниот избор, но таа година Џамала беше избрана да ја претставува земјата на Евровизија и однесе победа.

Годинава, Јулија ја имаше честа да ја отвори Евровизија со моќен настап, придружувана од танчари, а на сцената доминираа сината и жолтата боја, односно боите на земјата од која доаѓа.

Во продолжение, неколку интересни факти за Јулија, што можеби не сте ги знаеле:

Јулија е родена во 1990-та година во Киев во музичко семејство. На 3-годишна возраст почнала дa настапува на сцена заедно со ансамблот на нејзиниот татко. Потоа како дете имала поголем број настапи – соло и како дел од џез група.

se-omazhila-na-21-godina-so-soprugot-kriele-deka-se-zaedno-fakti-za-julija-sanina-ukrainskata-voditelka-na-evrovizija-2023-03.jpg

Таа завршила филолошки факултет и магистрирала фолклор во 2013-та година, а вели дека додека студирала, мошне ја интересирало и новинарството.

se-omazhila-na-21-godina-so-soprugot-kriele-deka-se-zaedno-fakti-za-julija-sanina-ukrainskata-voditelka-na-evrovizija-2023-04.jpg

Од 2006-та до 2008-ма година била фронтмен на групата Sister Siren, а од 2011-та година со Валериј Бебко го креирале поп-дуото Val & Sanina. Набрзо таа и Валери одлучиле да ги променат музичкиот правец и имиџот, но и почнале да пеат на англиски јазик, па така настанала рок-групата The Hardkiss.

se-omazhila-na-21-godina-so-soprugot-kriele-deka-se-zaedno-fakti-za-julija-sanina-ukrainskata-voditelka-na-evrovizija-2023-06.jpeg

Освен што работат долги години заедно, Јулија и Валериј се 13 години во брак. Интересно е тоа што тие долго време ја криеле нивната врска во тајност, а дека се заедно се дознало дури откако стапиле во брак во 2011-та година.

se-omazhila-na-21-godina-so-soprugot-kriele-deka-se-zaedno-fakti-za-julija-sanina-ukrainskata-voditelka-na-evrovizija-2023-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg