Првиот син ѝ се самоуби, а со двајцата посвоени не разговараше: Факти за Тина Тарнер, која почина на возраст од 83 години

На возраст од само 10 години мајка ѝ ја напуштила, откри дека поранешниот сопруг сакал да ѝ го уништи лицето со жешко кафе, а вистинската среќа jа почувствувала во последните 10 години од животот, сѐ додека не ги загуби двата сина – помалку познати факти за Тина Тарнер.

na-22-godini-stanala-majka-na-4-deca-prviot-sin-i-se-samoubi-pomalku-poznati-fakti-za-tina-tarner-koja-pochina-na-vozrast-od-83-godini-01.jpg

Легендата на рокенрол музиката Тина Тарнер почина на 24-ти мај по подолго боледување на возраст од 83 години. Таа почина само 6 месеци откако го загуби нејзиниот најмлад син Рони.

Познато е дека Тина била жртва на семејно насилство и дека долго време трпела малтретирање од поранешниот сопруг, а за нејзиниот живот во 2021-ва година беше направен и документарен филм, насловен TINA.

Тина Тарнер беше мајка на 4 сина, од кои двајца се починати, а нејзиниот тежок живот започнал уште кога била многу млада.

Во продолжение некои помалку познати факти за Тина Тарнер:

На возраст од 10 години мајка ѝ ја напуштила, затоа што наводно никогаш не ја сакала, а истото го направил и нејзиниот татко само неколку години подоцна.

na-22-godini-stanala-majka-na-4-deca-prviot-sin-i-se-samoubi-pomalku-poznati-fakti-za-tina-tarner-koja-pochina-na-vozrast-od-83-godini-02.jpg

На возраст од 18 години, Тина станала мајка за првпат. Со саксофонистот на Kings of Rhythm, Рејмонд Хил, таа го доби синот Рејмонд Хил кој подоцна беше посвоен од Ајк Тарнер и го промени името во Крег Рејмонд Тарнер.

na-22-godini-stanala-majka-na-4-deca-prviot-sin-i-se-samoubi-pomalku-poznati-fakti-za-tina-tarner-koja-pochina-na-vozrast-od-83-godini-20.jpg

Во 1960-та година Тина и Ајк го добија синот Роналд Рони Ренел.

na-22-godini-stanala-majka-na-4-deca-prviot-sin-i-se-samoubi-pomalku-poznati-fakti-za-tina-tarner-koja-pochina-na-vozrast-od-83-godini-10.jpg

На возраст од 22 години, во 1962-ра година Тина се омажи со Ајк тарнер, со кого заедно настапуваше и со кого беше во врска.

Таа исто така посвои две од шесте деца од претходните врски на Ајк, Ајк Тарнер Џуниор и Мајкл Тарнер, па на многу млада возраст стана мајка на 4 деца.

na-22-godini-stanala-majka-na-4-deca-prviot-sin-i-se-samoubi-pomalku-poznati-fakti-za-tina-tarner-koja-pochina-na-vozrast-od-83-godini-08.jpg

Тина и Ајк беа во брак сѐ до 1976-та година, а тие 13 години заеднички живот биле исполнети со насилство и манипулации, па пејачката во една пригода откри дека неколкупати имала скршеници заради ќотекот што го добивала, а во една пригода добила и изгореници од трет степен кога Ајк ѝ истурил жешко кафе на лицето.

na-22-godini-stanala-majka-na-4-deca-prviot-sin-i-se-samoubi-pomalku-poznati-fakti-za-tina-tarner-koja-pochina-na-vozrast-od-83-godini-12.jpg

Во 1976-та година Тина го напуштила Ајк. Познато е дека кога си заминала останала бездомник и со само 1 долар во џебот, но тоа не ја спречило да се воздигне и да започне соло музичка кариера.

na-22-godini-stanala-majka-na-4-deca-prviot-sin-i-se-samoubi-pomalku-poznati-fakti-za-tina-tarner-koja-pochina-na-vozrast-od-83-godini-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg