Салма Хајек (56) е горда на брчките и седите влакна: „Тие се знак на мудрост“ (фото)

Досега Салма Хајек има споделено многу фотки на кои гордо ги покажува брчките и седата коса. Во нова објава, пак, се шегува дека наутро брои колку нови брчки и седи влакна ѝ се појавиле.

salma-hajek-56-e-gorda-na-brchkite-i-sedite-vlakna-tie-se-znak-na-mudrost-foto-01.jpg

Салма Хајек (56) важи за една од најубавите актерки во Холивуд, а уште попривлечна ја прави фактот што не ни пробува да ги скрие годините.

Досега Салма многупати има споделено фотки на кои јасно ѝ се гледаат и брчките, и седата коса.

На нова Инстаграм фотка, лицето на актерката се гледа во крупен кадар, а јасно ѝ се познаваат промените кои се нормални со годините.

„Јас кога ќе се разбудам и бројам да видам колку седи влакна и брчки ми се придружиле утрово“, стои во описот.

View this post on Instagram

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Во коментари, фановите имаат само комплименти за изгледот, но и за храброста да го покаже своето вистинско лице.

„Ти благодарам што го сподели ова. Ни помага да видиме дека дури и најубавите и најпознатите луѓе стареат“.

„Сè што гледам е природна убавина. Сега те сакаме уште повеќе“.

„Стареењето е природен процес, сите треба да го прифатат со љубов и грижа“.

„Седите влакна и брчките се како круна на мудроста за жените“.

Во претходни објави, актерката има изјавено дека е горда на нејзината седа коса.

salma-hajek-56-e-gorda-na-brchkite-i-sedite-vlakna-tie-se-znak-na-mudrost-foto-2.jpg

Во друга објава, пак, изјави дека седата коса е знак на мудрост.

Повеќе фотки од актерката на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Бившата на Канје Вест топлес на Кански – Дали ова е најневкусното издание на фестивалот досега? (фот... Џулија Фокс на Кан се појави во „фустан за пумпање млеко“. Горниот дел има корсе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Неколкупати пробала да се самоубие, си го мразела синот: Детали за бурната младост на Брижит Бардо Татко ѝ ја камшикувал, добивала смртни закани поради улогите, а пробала да се са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg