Мистериозната смрт на Британи Марфи: Со сопругот починаа од исти причини, во рок од 5 месеци

Пред врската со Сајмон, Британи нагло ослабе, а поради ова се појавија гласини дека користи дрога.

Но, таа самата го негираше ова, па дури и беше дел од кампањи против користење дрога.

misterioznata-smrt-na-britani-marfi-so-soprugot-pochinaa-od-isti-prichini-vo-rok-od-5-meseci-07.jpg

По свадбата со Сајмон, здравјето на Британи само се влошуваше.

По нејзината смрт, пак, луѓе кои наводно го познавале Сајмон го опишаа како личност која манипулира, а Британи била само една од неговите бројни „жртви“.

На 3-ти декември 2009 година, Британи Марфи го даде нејзиното последно интервју, каде што изјави дека следната година сака да стане мајка.

misterioznata-smrt-na-britani-marfi-so-soprugot-pochinaa-od-isti-prichini-vo-rok-od-5-meseci-08.jpg

На 20-ти декември, актерката била пронајдена без свест во нејзиниот дом. Била пренесена во болница, каде што починала околу два часа подоцна.

Резултатите од аутопсијата покажале дека смртта била случајна и резултат на пневмонија. Истовремено, актерката била анемична, а во нејзиниот организам имало и неколку лекови.

Подоцна се појасни дека станувало збор за лекови за настинка.

Сепак, бидејќи здравјето на актерката било во загрижувачка состојба, сосема возможно е и „коктелот“ од лекови да придонел за смртта.

Актерката беше погребена на 24-ти декември.

misterioznata-smrt-na-britani-marfi-so-soprugot-pochinaa-od-isti-prichini-vo-rok-od-5-meseci-09.jpg

Уште тогаш нејзината смрт беше опкружена со мистерии и теории на заговор, кои само се засилија по смртта на нејзиниот сопруг Сајмон.

Пет месеци подоцна, во мај 2010-та, и тој беше пронајден мртов во нивниот дом.

Како Британи, и кај него причина за смртта била пневмонија и анемија.

misterioznata-smrt-na-britani-marfi-so-soprugot-pochinaa-od-isti-prichini-vo-rok-od-5-meseci-10.jpg

На почетокот надлежните помислиле дека во нивниот дом има отровна мувла, но истрагата покажала дека немало никакви знаци на мувла во домот.

Смртта на Британи и Сајмон во најмала рака беше опишувана како апсурдна.

Година-две подоцна, родителите на Британи пробаа да докажат дали мувлата сепак била причина за смртта, но не постигнаа нешто значајно.

misterioznata-smrt-na-britani-marfi-so-soprugot-pochinaa-od-isti-prichini-vo-rok-od-5-meseci-11.jpg

Пред Сајмон да почине, се појавија гласини дека не ѝ дозволувал на Британи да оди на лекар, без разлика што била во ужасна состојба. Тој го негираше ова. Но, дури и да било вистина, ова не објаснува зошто тој починал од истите причини.

Во 2013-та, таткото на Британи изјави дека во телото на неговата ќерка имало тешки метали, па можеби тие биле причина за смртта.

Мајка ѝ, од друга страна, не се согласуваше со ова.

До денес не е познато зошто и Британи и сопругот Сајмон починале од практично исти причини во рок од неколку месеци.

misterioznata-smrt-na-britani-marfi-so-soprugot-pochinaa-od-isti-prichini-vo-rok-od-5-meseci-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојк... „Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg