Имаше само една година кога татко ѝ се самоуби, ги победи зависностите: Мрачните детали за животот на ќерката на Курт Кобејн
- Детали
- сабота, 16 септември 2023
Додека мајка ѝ се бореше со зависностите и по смртта на нејзиниот татко, главната потпора на Френсис Бин беше нејзината баба, Венди. Во 2010-та година Френсис го доби целото наследство од Курт Кобејн, а за разлика од нејзината мајка која со години е застапена заради скандалите, ќерката денес е пример за многумина.
Френсис Бин Кобејн (31) беше мало бебе кога за првпат се појави во јавност во рацете на нејзините славни родители Курт Кобејн и Кортни Лав.
Таа имаше само 1,5 година кога го загуби својот татко, а додека нејзината мајка Кортни Лов продолжи да ги полни таблоидите со своето скандалозно однесување, Френсис денес живее повлечен живот, далеку од очите на јавноста.
Што знаеме за мистеризното девојче, кое порасна во вистинска убавица?
Првата „фотографија“ што светот имаше можност да ја види од Френсис беше нејзината ехо-снимка која се најде на омотот на синглот на Nirvana, Lithium.
Нејзиното раѓање беше проследено со низа скандали. Па така кога имаше само две недели, таа беше одземена од нејзините родители затоа што во дел од медиумите се појавија пишувања дека мајка ѝ, Кортни Лав користела опојни супстанци во бременоста.
Сепак, по деталната истрага, Френсис беше вратена во грижата на нејзините славни родители.
На 1-ви април 1994-та година Френсис го посети татко ѝ во Центарот за рехабилитација Marina del Rey во Калифорнија, и тоа беше воедно нивната последна средба, затоа што само една недела подоцна, славниот музичар беше најден мртов во својот дом во Сиетл.
По смртта на Курт, Френсис не можела премногу да се потпре на нејзината мајка која исто така била зависничка од опојни супстанци па затоа во најголем дел, грижата за неа паднала врз мајката на Курт, Венди.
Мајка ѝ Кортни, воопшто не ја штедела, па кога Френсис имала само 5 години, таа ѝ раскажала детално како се случила смртта на нејзиниот татко. Ова било доста трауматично за неа, но Кортни пред да ѝ каже одлучила да ја однесе на психолог.
Во 2003-та година кога Кортни беше уапсена за користење опојни супстанци и по нејзиното предозирање со лекови против болка, Венди станала главен старател на Френсис, но по излегувањето, во 2005-та година, поранешната сопруга на Курт Кобејн повторно го добила старателството.
Во 2009-та година судот во Калифорнија на Кортни Лав ѝ издаде забрана за приближување на ќерката, а баба ѝ Венди и нејзината тетка Кимберли Кобејн беа прогласени за старатели на Венди. Иако никогаш не беа потврдени причините за ваквата одлука, во тој период имаше гласини дека девојчето било жртва на домашно насилство.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





