Имаше само една година кога татко ѝ се самоуби, ги победи зависностите: Мрачните детали за животот на ќерката на Курт Кобејн
Во 2010-та година, кога имала 18 години Тим Бартон ѝ ја понудил главната улога во неговиот филм Alice in Wonderland, но таа го одбила.
Истата година таа стана полнолетна и наследи околу 37 отсто од имотот на нејзиниот татко и денес таа ги носи одлуките за тоа како ќе се промовира неговото име и имиџ.
Таа вели дека не се согласувала со одлуката на нејзината мајка која во 2002-ра година одлучила да ги објави дневниците на Курт Кобејн и не сака да ги прочита затоа што тоа е нарушување на приватноста.
Се верува дека секоја година таа заработувала над еден милион долари од наследството што ѝ го оставил нејзиниот татко, а месечно имала дозвола да троши по 100.000 долари.
Но, како што вели, во периодот додека била зависничка од опојни супстанци и додека не знаела да раководи со парите потрошила 11 милиони долари.
„Единствениот начин на којшто знаев да живеам е во луксуз. Со повеќе од тоа што го имаш. Ми требаше да се тргнам од парите и да се отрезнам за да сфатам дека без разлика колку пари и да мислиш дека имаш тоа не е постојано“ – изјави таа.
Таа во една пригода рече дека се чувствува виновно затоа што ги наследила милионите од татко ѝ, на кого не се сеќава и дека не направила ништо за да ги заработи тие пари.
„Јас имам малку поинаква врска со парите затоа што никогаш не ги заработив. Чувствувам како да сум добила огромна, голема позајмица од која никогаш нема да се ослободам. Се чувствувам виновно затоа што чувствувам како да ги трошам парите на некого што никогаш не сум го запознала“ – вели таа.
Во 2014-та година таа се омажи за пејачот на групата The Eeries, Исиаја Силва и додека многумина сметаа дека ова ќе биде уште една успешна рокенрол љубовна приказна, сепак на среќата брзо ѝ дојде крајот. Во 2016-та година Франсес поднесе документи за развод.
Разводот се развлече и стана вистинска битка, затоа што нејзиниот поранешен сопруг од Френсис бараше да му плаќа месечна сума пари и сакаше да ја земе гитарата на Курт Кобејн со која тој настапи на Unplugged концертот на МТВ.
Во 2016-та година, Френсис успеа да се избори со зависностите и јавно говореше за својата битка.
„Многу е полесно да се придржувате до самоуништувањето и употребата на токсични лекови за болката. Најдобрата одлука што сум ја донела и за себеси и за луѓето околу мене е тоа што одлучив да бидам присутна.
Начинот на којшто ги третираме нашите тела е во директен сооднос со тоа како ја третираме нашата душа. Сѐ e поврзано. Мора да биде“ – им порача таа на своите следбеници на социјалните мрежи.
Френсис денес се труди да живее повлечен живот подалеку од јавноста и изјави дека се научила како мудро да ги троши заработените пари, па да се воздржува од луксузниот начин на живот.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





