Продуцентот ја силувал, речиси умрела од нарушување во исхраната: Трагичниот живот на Кеша

Пораснала во сиромаштија, продуцентот ја силувал и ја терал да се изгладнува, а на почетокот од 2023-та, речиси ќе умрела по процедура за замрзнување јајце клетки - тажни детали до животот на Кеша.

producentot-ja-siluval-rechisi-umrela-od-narushuvanje-vo-ishranata-tragichniot-zhivot-na-kesha-01.jpg

Во 2009 година, Кеша го издаде својот прв сингл, TiK ToK, и стана светски позната речиси преку ноќ.

Иако секогаш изгледаше безгрижно и оддаваше впечаток на девојка која сака да се забавува, реалноста била далеку поразлична.

Пејачката трпела малтретирање од нејзиниот продуцент, а извесен период имала и сериозни нарушувања во исхраната поради што речиси го изгубила животот.

Тажни детали од животот на Кеша:

Пораснала во сиромаштија

Во детството, Кеша живеела со мајка ѝ и двајцата браќа.

Мајка ѝ била автор на песни и во минатото пишувала дури и за ѕвезди како Доли Партон, но сепак едвај сврзувала крај со крај.

За да го прехрани семејството, добивала помош од државата.

Бидејќи многупати немале пари за кирија, Кеша и семејството често се преселувале, па таа променила неколку училишта во основно и средно.

Сè додека да се прослави со песната TiК ToК, Кеша речиси постојано живеела во сиромаштија.

producentot-ja-siluval-rechisi-umrela-od-narushuvanje-vo-ishranata-tragichniot-zhivot-na-kesha-02.jpg

Не знае кој ѝ е татко

Таткото на Кеша никогаш не бил дел од нејзиниот живот, а таа, пак, никогаш не ни изразила желба да го запознае.

Но, кога се преселила во Лос Анџелес со цел да ја почне музичката кариера, мајка ѝ договорила да се види со маж кој најверојатно бил нејзиниот татко.

„Ми рече дека може да отседнувам со него и да создадеме врска на татко и ќерка. Кога го видов на аеродромот веднаш знаев - си реков дека нема шанси тој да ми е татко“.

Иако не верувала дека ѝ е татко, немајќи друг избор, Кеша сепак се вселила со него.

По некое време, почнала сериозна врска, па се преселила кај дечко ѝ.

producentot-ja-siluval-rechisi-umrela-od-narushuvanje-vo-ishranata-tragichniot-zhivot-na-kesha-03.jpg

На интернет се појавија нејзини голи фотки

Перез Хилтон е блогер и колумнист од САД кој објави интимни фотки од пејачката на неговиот веб-сајт.

И покрај тоа што Кеша била жртва, нејзиниот дечко се налутил, па по некое време раскинале.

Подоцна во интервју Кеша изјави дека дечко ѝ бил единствениот маж што го сакала.

Во друго интервју изјави дека со фотките, Перез Хилтон ѝ ја уништил единствената врска во животот што ѝ значела.

producentot-ja-siluval-rechisi-umrela-od-narushuvanje-vo-ishranata-tragichniot-zhivot-na-kesha-04.jpg

Имала суицидни мисли

Со доаѓањето на популарноста, Кеша почнала премногу да се грижи за својот изглед, најмногу поради нејзиниот продуцент – Dr. Luke – кој честопати ја критикувал за тежината.

Поради ова, Кеша почнала да се изгладнува до тој степен, што речиси умрела.

Подоцна откри дека имала и суицидни мисли кои, за среќа, ги надминала.

producentot-ja-siluval-rechisi-umrela-od-narushuvanje-vo-ishranata-tragichniot-zhivot-na-kesha-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...

Најчитани неделава