Актерите од „Friends“ конечно се огласија за смртта на Метју Пери + проговори и неговата бивша свршеница
„Но, очигледно, јас го знаев тој маж и на многу подруг начин. Иако го сакав повеќе отколку што можам да разберам, тој беше комплицирана личност и предизвикуваше болка каква што не сум почувствувала.
Никој во мојот живот немал поголемо влијание врз мене од Метју Пери. Чувствувам огромна благодарноста за тоа, за сè што научив од нашата врска. Мети, чувствувам олеснување што најде мир“.
Метју и Моли не открија зошто точно се разделиле, а откако ја раскинаа свршувачката, актерот даде само кратка изјава:
„Некогаш некои работи не функционираат и ова е една од тие работи. Ѝ посакувам на Моли сè најдобро“.
И фановите изразуваат сочувство на смртта на актерот, а пред неговиот дом почнаа да оставаат и цвеќе.
Толпа фанови кои положуваат цвеќе има и пред зградата во Њујорк од серијата Friends.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





