Актерите од „Friends“ конечно се огласија за смртта на Метју Пери + проговори и неговата бивша свршеница

„Скршени сме од загубата на Метју. Имаме да кажеме многу, но сега ќе одвоиме време да жалиме и да се справиме со оваа голема загуба“, велат главните актери од серијата Friends за трагичната смрт на Метју Пери. На Инстаграм се огласи и поранешната свршеница на актерот, која вели дека иако ја повредил, сепак ѝ останал драг по разделбата. Во меѓувреме, фановите положуваат цвеќе пред зградата од серијата во Њујорк.

akterite-od-friends-se-oglasija-za-smrtta-na-metju-peri-bevme-povekje-od-kolegi-nie-sme-semejstvo-01.jpg

Три дена по трагичната смрт на Метју Пери, се огласија неговите колеги од серијата Friends.

Со заедничка изјава за магазинот People, Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Мет Лебланк, Кортни Кокс и Лиса Кудроу велат дека се со скршени срца.

akterite-od-friends-se-oglasija-za-smrtta-na-metju-peri-bevme-povekje-od-kolegi-nie-sme-semejstvo-11.jpg

„Скршени сме од загубата на Метју. Ние бевме повеќе од колеги. Ние сме семејство. Имаме да кажеме многу, но сега ќе одвоиме време да жалиме и да се справиме со оваа голема загуба.

Кога ќе дојде време, ќе кажеме повеќе, кога ќе бидеме способни.

Засега, нашите мисли и нашата љубов се со семејството на Мети, неговите пријатели и сите од целиот свет кои го сакаат“, гласи изјавата.

akterite-od-friends-se-oglasija-za-smrtta-na-metju-peri-bevme-povekje-od-kolegi-nie-sme-semejstvo-09.jpg

Метју Пери и главните актери од Friends соработуваа заедно цели десет години, колку што траеше снимањето на серијата.

Претходно, во неделата (29.10), се огласија и креаторите на Friends – Марта Кауфман и Дејвид Крејн, заедно со главниот продуцент Кевин Брајт:

„Шокирани сме и многу, многу тажни за смртта на нашиот сакан пријател Метју. Уште ни изгледа невозможно. Сè што можеме да кажеме е дека се чувствуваме благословено што беше дел од нашите животи.

Тој беше неверојатен талент. Клише е да се рече дека некој актер ја присвоил својата улога, но во случајот на Метју, нема повистинити зборови.

akterite-od-friends-se-oglasija-za-smrtta-na-metju-peri-bevme-povekje-od-kolegi-nie-sme-semejstvo-10.jpg

Од денот кога го видовме во улогата на Чендлер Бинг, за нас не постоеше друг избор. Секогаш ќе ги цениме радоста, светлината и интелигенцијата што ја вметнуваше во секој момент – не само на работа, туку и во неговиот живот.

Тој секогаш беше најсмешната личност во просторијата. Покрај тоа, беше најдобар, со дарежливо и несебично срце. Ја испраќаме целата наша љубов до неговите семејство и пријатели.

Ова дефинитивно е епизодата каде нашите срца се скршени“.

akterite-od-friends-se-oglasija-za-smrtta-na-metju-peri-bevme-povekje-od-kolegi-nie-sme-semejstvo-08.jpg

Во меѓувреме, се огласи и поранешната свршеница на актерот – Моли Хурвиц – со која актерот беше свршен од ноември 2020-та до јуни 2021-ва.

Моли сподели фотка на која се гледа силуетата на актерот и прозборе и за болката што ѝ ја предизвикал, но истакна дека ѝ останал драг и по разделбата.

„Би му се допаѓало што светот зборува за тоа колку беше талентиран. И, навистина беше многу талентиран. Како што наближуваше обединувањето на екипата од Friends, заедно ја изгледаме серијата...

Ги прегледуваше и ги проучуваше сцените. Нашата почит за хуморот е нешто што нè поврзуваше. Беше магично тоа што бев со него додека тој ја откриваше својата брилијантност.

akterite-od-friends-se-oglasija-za-smrtta-na-metju-peri-bevme-povekje-od-kolegi-nie-sme-semejstvo-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl? Актерот што го глуми Чак Бас беше обвинет за силување, па си ја уништи кариерата...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...

Најчитани неделава