Мајка му му купи куќа, не сака да работи во семејниот бизнис: Како Роб Кардашијан ги заработува милионите?
Се претпоставува дека Роб сѐ уште заработува од авторските права на сите овие шоуа.
Освен од учеството во реалните шоуа, Роб поседува неколку бизниси. Има свој лут сос што се вика Grandeza, а има компанија за чорапи и бренд за облека.
Не е тајна ниту дека неговото семејство во голема мера му помага со финансиите и во тешките мигови.
Во 2015-та година Роб немаше каде да живее, па еден подолг период престојуваше во куќата на Клои Кардашијан кога таа беше во брак со Ламар Одом.
Сестра му тогаш тврдеше дека е пресреќна што нејзиниот брат живее заедно со нив.
Во 2016-та година Крис Џенер одлучи да му купи куќа на синот вредна 2.2 милиони долари, на што Ким беше особено гневна:
„Не би требало да му купуваш куќа на твојот 30-годишен син“ – ѝ порача таа.
Сепак, на крајот Крис ја купи куќата која Роб по една година ја продаде за 2,44 милиони долари.
Уште еден доказ за тоа дека Роб заработува добро е и фактот што тој плаќа месечна алиментација од 20.000 долари за неговата ќерка Дрим.
Во Калифорнија, законска обврска е родителот да плаќа околу 25 отсто од својата месечна заработка за алиментација, па оттука може да се процени дека тој заработува над 80.000 долари месечно, што сепак е далеку повеќе од платата што ја заработуваат повеќето луѓе.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





