Славни личности кои се венчаа без предбрачен договор (и платија скапо за тоа)

Џеј Ло не учи од своите грешки – на вториот сопруг му исплати 13 милиони по разводот, а бидејќи нема предбрачен договор ни со Бен Афлек и е побогата од него, веројатно и нему ќе треба да му исплати солидна сума.

slavni-koi-se-venchaa-bez-predbrachen-dogovor-i-platija-skapo-za-toa01.jpg

За нас „обичните смртници“, предбрачниот договор изгледа дури и бизарно.

Сепак, кој пар би сакал пред венчавката да мисли на потенцијален развод и за тоа како ќе се дели имотот.

Но, во светот на богатите и славните, каде што во игра се милионски суми, предбрачниот договор е норма.

Повеќето богати личности не ни помислуваат да стапат во брак без овој договор, но постојат и оние кои верувале во нивната љубов и го изоставиле.

А, дел од нив платиле скапо за тоа по разводот.

Славни парови кои се венчаа без предбрачен договор:

Ештон Кучер и Деми Мур

Актерите се венчаа во 2005 година, кога и двајцата имаа изградено кариери, а со тоа заработено по неколку милиони.

Не направија предбрачен договор, а кога се разведоа, Деми Мур ја искористи можноста да побара пари од Ештон.

Наводно, актерката била сигурна дека тој криел некои инвестиции и приходи од неа додека биле во брак.

Тие направија приватна спогодба и според некои извори, Ештон ѝ платил неколку милиони долари.

slavni-koi-se-venchaa-bez-predbrachen-dogovor-i-platija-skapo-za-toa-02.jpg

Џони Деп и Амбер Херд

Џони Деп и Амбер се венчаа во 2015 година, а актерката поднесе барање за развод 15 месеци подоцна.

Немаа предбрачен договор и сите знаеме како се одвиваше разводот.

Бидејќи Џони Деп има повеќе пари од Амбер и дел заработи додека беа заедно, најпрво тој требаше да ѝ исплати седум милиони долари.

Но, Амбер одлучи да го тужи актерот за семејно насилство, па оттука почнаа низа тужби и сослушувања што ги следеше целиот свет.

На крај, судот одлучи дека Амбер треба да му исплати 10 милиони на Џони, додека тој неа треба да ѝ исплати 2 милиони долари.

slavni-koi-se-venchaa-bez-predbrachen-dogovor-i-platija-skapo-za-toa-03.jpg

Џеј Ло и Крис Џад

Во 2001 година, Џеј Ло се венча со вториот сопруг – Крис Џад. И, пејачката направила огромна грешка што не потпишала предбрачен договор, бидејќи тој период заработи многу пари.

Кога поднесе барање за развод, пејачката веќе „тежеше“ скоро 80 милиони долари.

Според изворите, таа барала од Крис да не кажува ништо во јавност за нивната врска. Тој прифатил под услов да добие 13 милиони долари.

Сепак, за да се осигури дека нема да зборува, Џеј Ло побарала парите да не му се исплатат наеднаш, туку постепено.

И, Крис навистина нема споделено ништо за нивниот брак.

slavni-koi-se-venchaa-bez-predbrachen-dogovor-i-platija-skapo-za-toa-04.jpg

Џеј Ло и Бен Афлек

Изгледа Џеј Ло не учи од своите грешки, па кога се венчаа со Бен Афлек, не потпишаа предбрачен договор.

Ова значи дека парите што и двајцата ги заработиле додека беа заедно, ќе треба да ги поделат.

Денес богатството на Џеј Ло изнесува околу 400 милиони долари, а голем дел заработи додека беше во брак со Бен.

Бен, пак, има околу 150 милиони долари.

Не е познато како ќе го делат богатството, но некои очекуваат Џеј Ло да изгуби многу пари.

slavni-koi-se-venchaa-bez-predbrachen-dogovor-i-platija-skapo-za-toa-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Амбер Херд и уште 11 светски ѕвезди кои преку ноќ станаа омразени поради своите грешки Елен Де Џенерис беше обвинета за расизам и омаловажување на вработените во шоуто...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Кара Делевињ ја призна аферата со Амбер Херд – суптилно потврди и дека заедно спиеле со Илон Маск „Долг период бевме блиски, а меѓу нас се случи нешто повеќе додека Амбер и Џони ...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...

Најчитани неделава