Славни дами кои трпеле болка (и крвавеле) за фустан на црвен тепих

Ким Кардашијан не можела да дише во тесниот корсет за Мет гала 2024, додека Зендеја имала вртоглавица од сребрениот оклоп што го носеше на премиерата на Dune: Part Two во Лондон.

slavni-dami-koi-trpele-bolka-i-krvavele-za-fustan-na-crven-tepih-01.jpg

Важните настани во Холивуд се третираат и како модна писта, каде славните, особено дамите, се појавуваат во раскошни аутфити.

Но, некогаш и жртвуваат многу за да изгледаат добро.

Славни дами кои буквално трпеле болка за да изгледаат добро:

Ким Кардашијан

За Ким Кардашијан веќе е познато дека оди до екстреми за да изгледа добро и, секако, да привлече внимание.

На Мет гала 2024, ријалити ѕвездата се појави во екстремно тесен сребрен корсет.

slavni-dami-koi-trpele-bolka-i-krvavele-za-fustan-na-crven-tepih-02.JPG

Неколку месеци подоцна, во ријалити шоуто на Кардашијанс, откри и што трпела за аутфитот.

Ким изјави дека не можела да дише и болката била толку силна, што планирала порано да го напушти настанот.

Таа покажа и како ѝ изгледал грбот од корсетот.

slavni-dami-koi-trpele-bolka-i-krvavele-za-fustan-na-crven-tepih-03.JPG

И, ова не беше првпат Ким да се појави во екстремно тесен корсет.

Нешто слично носеше и на Мет гала 2019.

И овој корсет ѝ предизвикувал силна болка, а кога го соблекла, имала линии на грбот и стомакот од него.

slavni-dami-koi-trpele-bolka-i-krvavele-za-fustan-na-crven-tepih-04.JPG

Зендеја

Зендеја сака да се облекува во склад со своите улоги кога оди на премиера.

И, секој аутфит за премиерите на Dune беше ништо помалку од импресивен.

Сепак, младата актерка претрпела многу.

За премиерата на Dune: Part Two во Лондон таа носеше сребрен оклоп за кој откри дека не бил воопшто удобен.

Зендеја издржала само 10 минути во скафандерот бидејќи многу се загревал и почнала да чувствува вртоглавица.

slavni-dami-koi-trpele-bolka-i-krvavele-za-fustan-na-crven-tepih-05.JPG

Друг впечатлив аутфит е мокриот фустан што го носеше на премиера за првиот филм Dune.

„Фустанот е направен од кожа. Па беше тешко да дишам и да седам во него. Во текот на целиот филм само се фокусирав на дишењето“, изјави убавата актерка.

slavni-dami-koi-trpele-bolka-i-krvavele-za-fustan-na-crven-tepih-06.JPG

Младата актерка носи впечатливи аутфити и на други настани, како Мет гала.

Во 2018-та се појави во фустан кој наликува на стар воен оклоп.

„Еден ден пред настанот го пробав и прво нешто што си помислив е дека е многу тежок. Го носев со штикли и беше тешко. Но, вредеше“, изјави актерката.

slavni-dami-koi-trpele-bolka-i-krvavele-za-fustan-na-crven-tepih-07.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
„Парада на кретени“, „матурска за славни“: Познати личности кои ја презираат Мет галата (но не ја од... „Нема да одам никогаш повеќе! Мислев дека ќе биде гламурозно и убаво, но само бе...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...

Најчитани неделава