Познати личности кои имале булимија и анорексија (и отворено зборуваа за својата битка)

„Колку повеќе ми се влошуваше состојбата, толку повеќе комплименти добивав за изгледот“, има изјавено Кеша за нејзината битка со булимија.

poznati-lichnosti-koi-imale-bulimija-i-anoreksija-i-otvoreno-zboruvaa-za-svojata-bitka-01.jpg

Нарушувањата во исхраната уште важат за табу, а главно потекнуваат од нереалните стандарди за убавина.

И мажите и жените се изложени на ризик, но факт е дека нарушувањата се многу поизразени кај младите девојки кои секојдневно се бомбардирани со фотографии од модели со беспрекорни тела.

Уште поголем притисок чувствуваат славните личности бидејќи јавноста си зема за слобода да го критикува нивниот изглед, без разлика колку килограми имаат.

Славни личности кои прозбореа за битката со анорексија и/или булимија:

Тејлор Свифт

Во нејзиниот документарец од 2020 година, Тејлор Свифт откри дека имала сериозни нарушувања во исхраната.

„Зад мојот однос со храната стоеше истата психологија како за сè останато во животот – ако ми речат ’браво‘, тогаш тоа е добро. Ако сум казнета, тогаш тоа е лошо.

Овој начин на размислување, заедно со критиките од јавноста, ме натераа да си ја ограничувам храната“.

Пејачката вели дека долг период воопшто не била свесна дека има нарушување во исхраната и мислела дека е нормално да нема енергија.

„Мислев дека по настап треба да се чувствувам како да ќе изгубам свест. Сега сфаќам дека ова не е точно и дека ако јадам, ќе имам енергија, ќе бидам посилна и ќе можам да настапувам“.

poznati-lichnosti-koi-imale-bulimija-i-anoreksija-i-otvoreno-zboruvaa-za-svojata-bitka-02.JPG

Лили Колинс

Лили Колинс имала нарушување во исхраната во тинејџерските години, а прозборе за ова по снимањето на филмот To the Bone, каде што глуми девојка со анорексија.

„Ова беше драматична улога за мене – и јас имав нарушување во исхраната кога бев тинејџерка“.

Актерката смета дека треба поотворено да се зборува за овој проблем бидејќи кај многу млади луѓе сè уште е табу.

poznati-lichnosti-koi-imale-bulimija-i-anoreksija-i-otvoreno-zboruvaa-za-svojata-bitka-03.JPG

Зејн Малик

Зејн не бил опседнат со идејата да ослабе, но поради натрупаниот распоред со One Directions, се случувало да не јаде со денови. Со текот на времето, ова се претворило во нарушување.

„Имав нарушување во исхраната. Не бев загрижен за мојата тежина или нешто слично, туку поминував по два-три дена без воопшто да јадам. Ситуацијата стана многу сериозна, иако тогаш не ни бев свесен за тоа“.

poznati-lichnosti-koi-imale-bulimija-i-anoreksija-i-otvoreno-zboruvaa-za-svojata-bitka-04.JPG

Деми Ловато

На 18-годишна возраст, Деми Ловато заврши во центар за лекување анорексија и булимија.

„Ќе лажам ако кажам дека нема денови кога само сакам да останам во кревет бидејќи се срамам од моето тело.

Ова е битка која сигурно ќе треба да ја водам целиот живот“, изјави пејачката откако излезе од центарот за лекување.

Таа откри дека и нејзините баба и мајка се соочувале со булимија.

„Мислам дека е како зависност и дека е наследна. Моите несигурности поврзани со изгледот почнаа многу рано, а удел имаше и тоа што сите ми го коментираа телото“.

poznati-lichnosti-koi-imale-bulimija-i-anoreksija-i-otvoreno-zboruvaa-za-svojata-bitka-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека е Ким и зошто ѝ се чудни прстите?“ – Сопругата на Канје Вест привлече внимание со новот... Изгледа Бјанка Сенсори секогаш ги крие рацете и фановите првпат забележаа дека п...
Бебе Реџа, пејачката со дебарски корени, објави оглас за да најде татко за нејзиното бебе - Кои ѝ се... 36-годишната пејачка минатото лето ја посети Македонија, а сега јавно се огласи ...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Колку се промени ликот на Никола Пелц низ годините – од богата тинејџерка до непосакувана снаа на Бе... Од слатко девојче со протези до вистинска убавица која неколкупати го промени им...

Најчитани неделава