„Мислев дека е Ким и зошто ѝ се чудни прстите?“ – Сопругата на Канје Вест привлече внимание со новото појавување
- Детали
- вторник, 11 ноември 2025
Изгледа Бјанка Сенсори секогаш ги крие рацете и фановите првпат забележаа дека прстите ѝ изгледаат чудно, а воедно се прашуваат зошто е копија на бившата на Канје: „За момент мислев дека е Ким, дали е сериозна?“.

Сопругата на Канје Вест, Бјанка Сенсори, постојано привлекува внимание со нејзините разголени аутфити кои се граничат со вулгарност.
Таа сега беше на 48-часовно патување во родната Австралија со семејството, а на последното јавно појавување повторно беше во центарот на вниманието.

Како и секогаш, нејзиниот стајлинг беше необичен, но тоа веќе не ги ни зачудува фановите кои се навикнати на секакви изданија од неа.

Она што на многумина им остави впечаток беше тоа што многу наликува на бившата на Канје, Ким Кардашијан, во ликот и фризурата.
„Што е ова, мислев дека е Ким на прв поглед“, „Како да ја гледам Ким со шишки“, „Се колнам дека ја гледав Ким во првите 10 секунди“ – коментираат на Инстаграм.
Но, освен изгледот и стајлингот, уште еден детаљ им бодеше очи на фановите.

Многумина забележаа дека нејзините раце и прстите ѝ изгледаат чудно, односно дека се невообичаено кратки.

„Зошто прстите ѝ изгледаат толку чудно?“ – пишуваат во коментари и фотките вирално се шират.

Но можеби на многумина нејзината рака им изгледа чудно, затоа што таа всушност ретко ги покажува своите дланки.
Најчесто на фотографиите рацете ѝ се во џеб, го држи Канје за рака, или доколку е сама, во рацете секогаш го држи телефонот и чантата.

Погледнете повеќе фотографии на кои рацете ѝ се скриени:






M. M. | Црнобело