Ким Кардашијан откри дека блиска личност најмила платен убиец за неа – фановите убедени дека е Канје
- Детали
- четврток, 02 октомври 2025
„Добив повик од истражители. Некоја моја блиска личност го нарачала моето убиство“, вели Ким Кардашијан во тизерот за нејзиното ријалити шоу. Додека некои мислат дека лаже, дел од фановите се сигурни дека е Канје, најмногу бидејќи пред неколку години и тој зборуваше за нешто слично.

Во тизерот за новата сезона на шоуто на Кардашијанс, Ким Кардашијан откри дека некој најмил убиец за неа.
44-годишната ријалити ѕвезда истакна дека станува збор за многу блиска личност, но не откри кога се случил инцидентот.
„Добив повик од истражители. Некоја особено блиска личност го нарачала моето убиство“, вели Ким во краткиот инсерт.

Во друг инсерт од тизерот, Ким во солзи вели дека е преплашена.
Таа не открива кој бил нарачателот, но кон крајот на видеото навестува дека проблемот бил решен.

Иако наводното нарачано убиство се спомнува само неколку секунди, фановите веднаш го вперија прстот кон Канје.
Некои, пак, почнаа да споделуваат постар твит од музичарот за кој велат дека ги потврдува нивните сомнежи.

Во 2022 година, Канје честопати јавно ја напаѓаше Ким и тврдеше дека не му дозволува да си ги гледа децата.
Истата година, на Твитер тој напиша:
„Вчера Ким ме обвини дека сум го нарачал нејзиното убиство. Овие идеи можат да пратат некој во затвор…
Значи да си разјаснам, молам да одам на забавата на ќерка ми и ме обвинуваат дека сум бил под дејство на дрога.
Потоа одам да си играм со син ми и си ги земам моите стрипови, па ме обвинуваат дека крадам“.

Тогаш неколку медиуми ја контактирале Ким за твитот на Канје, но таа одбила да коментира.
Во коментари за новиот тизер на реалното шоу, многумина споделуваат дека се убедени дека зад целата драма стои Канје:
„Се прашувам кој е… Ако мајката исчезне, погодете кај кого ќе одат децата“.
„Канје е, едноставно знам дека е тој“.
„Во ваквите ситуации, секогаш е член на семејството“.
„Сите знаеме кој е“.

Но, некои се убедени дека целата приказна е измислена за да се зголеми популарноста на шоуто.
„Нарачувањето убиство е сериозно кривично дело. Сигурно ќе слушневме досега. Мислам дека сето е лага“.
„Сигурно лаже бидејќи знае дека немаме како да ги провериме фактите“.
„Изгледа им недостасуваат приказни за шоуто бидејќи сите знаат буквално сè за нив“.
„Извини Ким, ама не ти верувам“.

Погледнете го тизерот:
Спирова С. | Црнобело
