Адам Сендлер „ја срами“ сопругата на нејзина премиера – дојде со дречлив блузон и прави гримаси, јавноста го критикува
- Детали
- среда, 27 мај 2026
„Го разбирам кога промовира негови проекти, но кога ја поддржува сопругата, можел барем да облече панталони и маичка“, гласи еден од многуте коментари за дречливиот блузон на Адам Сендлер со кој се појави на премиерата на новиот филм на неговата сопруга.

Адам Сендлер е препознатлив по лежерниот стил, дури и на важни настани како Оскари, но сега се соочи со критики за изборот на облека.
59-годишниот актер вчера (26.05) беше на премиерата на новиот филм на неговата сопруга Џеки.
Во филмот, насловен Office Romance, глуми и Џеј Ло, а самата премиера беше гламурозен настан.
Но, додека сите носеа елегантни фустани и костуми, Адам Сендлер се појави со дречлив блузон и светлосина тренерка.
Комбинацијата ја комплетирал со необични патики со дречлив ѓон и виолетови врвки. На некои фотки, пак, прави гримаси и делува како да му е здодевно.
Сопругата Џеки беше целосна спротивност на него – се појави во елегантен краток црн фустан со светки и црни хулахопки.
Иако обично актерот добива комплименти за тоа што е верен на својот стил и одбива да следи правила, сега го критикуваат дека ѝ покажал непочитување на сопругата.
„Навистина не можел да облече кошула и панталони?“
„Го разбирам кога промовира негови проекти, но кога ја поддржува сопругата можел барем да облече панталони и маичка“.
„Секогаш изгледа како 13-годишно дете кое ја украло кредитната картичка на татко му“.
„Мене ми личи на 6-годишно дете“.
„Ако навистина толку не се интересира за тоа како изгледа, немаше да гледаме толку многу папараци фотки од него“.
„Ова е погрешно и себично, не е ни смешно“.
„Си ја срами сопругата“.
Сепак, некои сметаат дека нема потреба од критики.
„Искрено, за Адам Сендлер ова дефинитивно е формална облека“.
„Имајќи предвид дека е Адам Сендлер, чудо е што блузонот и тренерката си одговараат“.
„Зарем сте изненадени? Секогаш се облекува вака“.
Иако можеби го критикуваат дека не ѝ покажува почит на сопругата, Адам и Џеки имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд.
Се венчаа во 2003 година и имаат две ќерки – Седи (20) и Сани (17).
Тие исто така честопати соработуваат – некогаш како актери, некогаш како режисери, а некогаш како продуценти.
Досега заедно работеле на преку 20 филмови, вклучувајќи ги Hotel Transylvania, Grown Ups, Just Go With It, 50 First Dates…
Спирова С. | Црнобело