Само Адам Сендлер може да оди со тренерка на премиера – ги покажа сопруга и ќерките, едната копија на него (фото)
- Детали
- среда, 15 април 2026
Адам Сендлер уште еднаш покажа дека е автентична „стилска икона“ - само тој може да се појави во црвена тренерка и шарени патики на црвен тепих, покрај сопругата и ќерките кои блескаат со елеганција.

Адам Сендлер и сопругата Џеки се појавија на црвен тепих заедно со нивните две ќерки Сејди и Сани.
Тие им се голема поддршка на ќерките, а овој пат повод беше премиерата на новата Нетфликс комедија „Roommates“, во која Сејди има главна улога.
За настанот Адам уште еднаш покажа дека e автентичен во својот стил и не му е гајле кој што ќе каже, па на црвениот тепих се појави во широки панталони и Nike црвен дуксер, искомбинирано со шарени патики.

Покрај него пак, блескаат неговите три елегантни дами – сопругата Џеки и ќерката Сејди (која е негова копија) во црни фустани, а Сани во модно усогласена боја со татко ѝ, во црвен фустан.
Сендлер е вљубеник во колоритна и удобна облека, не размислува дали едно со друго парче одговара и не му е првпат да се појави покрај елегантното семејство во неговите оригинални аутфити.


Повеќе фотки од премиерата на Roommates:




М. М. | Црнобело