Го бодри кога снима љубовни сцени со колешки, ја смени религијата за него: Детали за бракот на Адам Сендлер и сопругата Џеки
- Детали
- недела, 14 декември 2025
Адам Сендлер има изјавено дека кога снима сцени со бакнување, сопругата го мотивира од зад камерата, а дури и му дава насоки. Тој вели и дека отсекогаш го бранела неговиот лежерен стил, дури и кога другите го критикувале.

Адам Сендлер се вбројува меѓу најбогатите и најуспешните холивудски актери, но важи и за мошне скромна личност, без разлика што „тежи“ над 400 милиони долари.
А, во целата кариера, најголема поддршка му е сопругата Џеклин со која е во брак веќе 25 години.
Тие имаат две деца, заедно соработуваат на многу проекти и, генерално, го имаат едниот од најстабилните бракови во Холивуд.
Која е сопругата на Адам Сендлер и што знаеме за нивниот брак?
Се запознале преку колегата Роб Шнајдер
Кон крајот на 1990-тите, Џеклин (или Џеки) ја добила првата улога во филм, во комедијата Deuce Bigalow: Male Gigolo.
Реално, повеќето се согласуваат дека филмот е многу лош, но Џеклин му го привлекла вниманието на Роб Шнајдер кој ја има главната улога.
Па, тој му ја предложил на Адам Сендлер за негов филм.
Оваа улога не ја направи Џеклин ѕвезда, но ѝ го промени животот – таа ја почна врската со Адам пред премиерата на филмот.
Џеклин си ја променила религијата за Адам
Џеклин потекнува oд Италија, од христијанско семејство, додека Адам е Евреин.
Само околу една година откако ја почнаа врската, Џеклин си ја промени религијата, па стана Еврејка како саканиот.
Во 2003 година тие се венчаа на Малибу, почитувајќи ги еврејските традиции, а на нивната свадба присуствуваа дел од најпознатите луѓе во Холивуд.
Низ годините, Адам има изјавено дека верата му е многу важна, па му значи што сопругата ја променила својата само за него.
Накратко се разделија поради предбрачниот договор
Иако тие немаат потврдено, според некои извори, Адам и Џеклин накратко раскинале пред да се венчаат.
Откако актерот ја побарал за жена, сакал да направат предбрачен договор. Но, Џеклин не сакала да го потпише и наводно се разделиле.
За ова се огласи и таткото на Џеклин.
„Џеки има своја кариера и дури и ако не се заедно, се надевам дека ќе имаат професионална врска“.
Набрзо потоа се огласи портпаролот на Адам, кој изјави дека сето ова е лага и дека тие се заедно. На крај, Џеки и Адам не потпишаа предбрачен договор.