Го бодри кога снима љубовни сцени со колешки, ја смени религијата за него: Детали за бракот на Адам Сендлер и сопругата Џеки
Не ѝ пречи што Адам се бакнува со колешки
Некогаш актерите мораат да се бакнат со нивните колеги пред камера.
Џеклин не само што покажувала разбирање за ова, туку секогаш му давала и поддршка на Адам за ваквите сцени.
Адам зборуваше за ова и во шоуто на Елен Деџенерис, во период кога снимаше филм со Дру Баримор.
„Најдобро нешто кај мојата сопруга е што толку многу ја сака Дру Баримор, што дури и ме охрабруваше за сцените. Нема никаква љубомора, само ми рече да одам да снимам“.
Имало ситуации и кога Џеклин го критикувала Адам ако бакнежот пред камера не изгледал уверливо.
„Кога го снимавме Blended, Џеклин ми рече ’Те молам, за доброто на жените, изгледај поживо кога ја снимаш сцената‘“.
Некогаш и му довикувала да ги бакнува колешките пострасно, за сцената да изгледа подобро.
Џеклин му е најголемата поддршка на Адам
Адам Сендлер е познат по комедиите, но во 2019 година одлучи да се појави и во сериозен филм – Uncut Gems.
Актерот призна дела му било страв да го сними филмот, но сопругата успеала да го убеди.
„Го прочитав сценариото, многу ми се допадна, но ми беше страв да го снимам филмот. Потоа ѝ го дадов на Џеки да го прочита.
Го направивме ова заедно, јас и Џеки, разговаравме и таа ми даде сила и храброст да пробам нешто ново“.
На крај, филмот доби мошне добри критики, а се предвидуваше дека ќе биде номиниран и за Оскар.
Иако Академијата го изигнорира, сепак освои низа други престижни награди.
Џеклин и самата заработува многу
Џеки нема завидна актерска кариера и повремено добива мали улоги.
Но, таа му е верен соработник на сопругот Адам – тој се консултира со неа, му помага при сценаријата, а понекогаш и се појавува во неговите филмови.
Па, денес нејзиното богатство се проценува на околу 50 милиони долари.
Џеклин го поддржува лежерниот моден стил на актерот
Адам Сендлер е познат по модниот стил и многумина се шегуваат дека сака да се облекува како бездомник.
На Оскари 2025-та, тој се пошегува на своја сметка и дојде во мошне лежерно издание.
Но, Џеклин целосно го поддржува стилот на сопругот, а ова го потврдува и Адам:
„Кога бевме помлади, честопати ми велеа зошто не сум облечел нешто поубаво, бидејќи сопругата изгледала совршено. Но, Џеки само им велеше ’Бидејќи така му е удобно‘“.
Прочитајте и: Има милиони, а изгледа како скитник – Како живее Адам Сендлер, најскромниот (и најдарежливиот) актер во Холивуд?
Спирова С. | Црнобело