Татко му бил шпион, кинеската мафија го бркала до САД: Лудиот живот на Џеки Чен
- Детали
- недела, 17 август 2025
Родителите на Џеки Чен биле толку сиромашни, што сакале да го дадат на посвојување веднаш откако се родил. Во 40-тите години од животот, пак, актерот открил дека татко му во минатото бил шпион, а мајка му била дилер на опиум, но и коцкар.

Не постои личност која не изгледала филм со Џеки Чен и мора да признаете дека дури и да не сакате акциони филмови, сигурно уживате во неговите акробации и талентот за боречки вештини.
Иако денес е успешен актер кој ужива во светска слава, неговите почетоци биле ништо помалку од скромни.
Пораснал во сиромаштија, избегал во САД бидејќи во Кина станал мета на банда, а неговиот татко, пак, бил шпион.
Детали за лудиот живот на Џеки Чен:
Џеки Чен бил роден во Хонгконг во 1954 година во многу сиромашно семејство.
Татко му бил готвач, а мајка му хигиеничарка, а заработувале толку малку, што откако се родил, размислувале да го дадат на посвојување.
Како што самиот има изјавено, не можеле да го платат породувањето во болницата, но на крај сепак успеале да позајмат пари и одлучиле самите да се грижат за својот син.
Кога наполнил седум години, неговите родители заминале да работат во Австралија, но Џеки го оставиле во Хонгконг.
Во меѓувреме, го запишале во училиште за боречки вештини и глума каде што тренинзите биле брутални.
Актерот има изјавено дека 18 часа дневно тренирале боречки вештини, но и глума, пеење и изведување акробации.
Џеки и сите ученици честопати биле казнувани со тепање, а некогаш морале да спијат на подот. Неретко, им ја ограничувале и храната.
Според него, секое утро станувале во 5 часот и денот го почнувале со трчање. Додека трчале, морале да носат две чаши вода, а ако ја истурат, биле казнувани со тепање.
Потоа цел час вежбале стој на раце, па имале интензивен карате тренинг. На прашањето дали му било забавно, актерот има изјавено:
„Не, беше ужасно!“
Џеки поминал 10 години во училиштето, каде што ги усовршил боречките вештини, а овој период речиси и да не ги гледал своите родители. Но, токму ова го подготвило за кариерата што ќе ја гради во Холивуд.
Актерот првпат се појавил на филм на 8-годишна возраст, но тогаш имал многу мала улога. Всушност, во наредните неколку години, тој добивал работа во филмови, но главно како каскадер или статист.
Во голем дел од овие филмови, неговото име не е ни спомнато како дел од екипата.
Вели дека снимал опасни сцени со тепачки и акробации за само еден долар дневно, а бил толку сиромашен, што некогаш преспивал и во киносали.
Притоа, за време на снимањето на ваквите сцени, честопати кршел коски и се стекнувал со повреди, а немал никакво здравствено осигурување и ретко кога можел да си дозволи медицинска нега.
Кога му се смачило да си го ризикува животот за практично ништо, решил да им се придружи на родителите во Австралија.
Токму овде почнале да го викаат Џеки – името што ќе одлучи да го користи целиот живот.
Во Австралија можел да најде само нископлатена работа, како на градилишта, па по некое време решил повотрно да се врати во Хонгконг.
Конечно, Џеки Чен бил забележан од познат режисер кој соработувал со Брус Ли и му понудил улога во филм со него.
Овој филм не го прославил многу, но кога снимил филм во кој ги искомбинирал боречките вештини со комедија, почнал да привлекува внимание дури и во Холивуд.