Татко му бил шпион, кинеската мафија го бркала до САД: Лудиот живот на Џеки Чен
Бидејќи кинеските акциони филмови биле популарни и во САД, Џеки почнал да добива улоги во Холивуд.
Па, извесен период живеел на релација Хонгконг-САД.
Но, кога почнал да се прославува, Џеки го привлекол вниманието и на погрешни луѓе. Како што самиот има изјавено, во 1980-тите и 1990-тите станал мета на кинеската мафија.
Тие пробувале да изнудуваат пари од него, но сакале и да го присилат да снима филмови за нив, за тие да можат да заработуваат од неговиот успех.
Тој период, ова не било реткост во Хонгконг и многу актери, пејачи и продуценти биле таргетирани од мафијата.
Џеки има изјавено дека му се заканувале со пиштол, а имало и ситуација кога го опкружиле 20 мажи со ножеви, но успеал да им побегне
Извесен период тој се криел во САД и воопшто не одел во Хонгконг, но дури и таму имало членови на бандата кои го прогонувале.
По 1997 година, кинеските власти почнале построг режим против мафијата, па Џеки има изјавено дека тогаш попуштиле со притисокот и кон него.
Во 1998-ма, Џеки ја доби улогата во првиот филм од серијалот Rush Hour, и со тоа почна да стекнува светска салва.
Неколку години подоцна, во 2003-та, кога веќе беше во доцните 40-ти од животот, Џеки Чен дознал мрачна тајна за неговото семејство.
Имено, татко му му признал дека бил шпион.
„Татко ми одеднаш ми рече ’Стар сум, може да заспијам и никогаш да не се разбудам. Имам да ти кажам една тајна‘.
Татко ми бил шпион за време на Кинеската граѓанска војна во 1940-тите. Бев шокиран“.
Набрзо потоа, Џеки дознал и дека мајка му има тајно минато – таа била коцкар, но и дилер на опиум.
Денес, на 71-годишна возраст, актерот уште е активен, а и уште самиот ги изведува опасните сцени.
Вели дека не планира да се пензионира наскоро и дека ќе продолжи да работи додека може.
Прочитајте и: Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ја види ќерката?
Спирова С. | Црнобело