„Барем некој отиде со жена му“ – Меси на концерт на Coldplay со сопругата и децата, ги „уловија“ на Kiss камерата (видео)
- Детали
- понеделник, 28 јули 2025
Последната снимка од Kiss камерата на Coldplay која вирално се рашири разоткри афера помеѓу колеги, а овој пат, Меси и неговата сопруга се смееја и мавтаа на публиката, додека Крис Мартин им пееше: „Лео, брате мој убав, ти и твојата сопруга изгледате многу добро“.

Фудбалската легенда Лионел Меси и неговата сопруга Антонела Рокуцо викендов беа на концерт на Coldplay со трите деца.
Тие беа забележани на Hard Rock стадионот во Мајами во недела вечер, на финалниот концерт на бендот за време на турнејата во САД, а и самите си објавија фотки на Инстаграм.

Додека се забавуваа и уживаа во атмосферата, во текот на вечерта парот беше „уловен“ на Kiss камерата, која периодов е актуелна по скандалот со колегите кои беа фатени како изневеруваат.

Веднаш штом беа забележани од публиката, почнаа да скандираат „Меси! Меси! Меси!“, па атмосферата веднаш се претвори како да станува збор за фудбалски натпревар.
Крис Мартин, фронтменот на Coldplay, ја искористи шансата и му отпеа песна на фудбалерот (која оригинално на англиски звучи подобро), а чии зборови гласат:
„Лео, брате мој убав, ти и твојата сопруга изгледате многу добро, ви благодарам што дојдовте денес да гледате како нашиот бенд свири, број 1 спортска личност на сите времиња“.

За тоа време, Меси и сопругата се смеат и мавтаат кон камерата и публиката.
Уште едно видео кое се шири вирално, но овој пат не заради скандал - кликнете за да го погледнете:
На објавите има бројни коментари, повеќето шеговити и на сметка на колегите од Astronomer, а дел од нив гласат:
„Барем некој конечно отиде на концерт со својата сопруга“.
„Тој е со својата сопруга, безбеден е“.
„Некои парови не мора да си ја кријат љубовта“.

М. М. | Црнобело