Фатени на дело: Директор и колешка љубовници, уловени на камера на концерт на Coldplay (видео)
- Детали
- петок, 18 јули 2025
„Или имаат афера или се многу срамежливи“ – вели пејачот на Coldplay откако парот, кој беше уловен на камера како се прегрнува, срамежливо се оттргна и скри. Тој е извршен директор во милијардерска компанија, таа е шеф на службата за човечки ресурси во истата фирма, а двајцата се во брак со други личности - интернетот ги уништи...

На социјалните мрежи вчера вирално се споделуваше видео од концерт на Coldplay, на кое на камерата беше уловен пар кој се прегрнува и ужива во настапот со нишкање во ритамот на музиката и блажена насмевка.
Но, уживањето за кратко им се претвори во кошмар.

Она што го направи хит видеото е нивната реакција, кога ќе сфатат дека се на камера и бурно се оттргнуваат од кадарот и засрамено пробуваат да се скријат.

Крис Мартин во истиот момент на шега вели: „Или имаат афера или се многу срамежливи“.

Но, интернетот не им даде мир на овие двајца луѓе и за кратко беше откриено кои се и дека очигледно, имаат афера...
Станува збор за извршниот директор на милијардерската компанија Astronomer, Енди Бајрон и Кристин Кабот, шеф на одделот за човечки ресурси во истата компанија.

Сопругата на Енди, Меган Кериган Бајрон, брзо по видеото кое открива дека наводно тој има афера, го избришала профилот од социјалните мрежи, каде имало многу семејни фотографии.
Погледнете го видеото кое вирално се споделува:
M. M. | Црнобело