Го зеде презимето на сопругата, го споредуваат со Бруклин Бекам: Кој е новиот зет на Гордон Ремзи (и зошто не зборува со мајка му)?
- Детали
- вторник, 30 декември 2025
Свадбата на ќерката на Гордон Ремзи беше засенета од семејната драма на неговиот нов зет Адам. Тој не ја поканил мајка му на свадбата, а таа, пак, вели дека „Адам е во канџите на Гордон Ремзи“. Адам дури и го зеде презимето на сопругата – исто како синот на Бекамови.

Викендов се омажи ќерката на Гордон Ремзи, Холи, но семејната драма на нејзиниот нов сопруг како да ја засени свадбата.
Новиот зет на познатиот готвач, Адам Пити, не ја поканил мајка си на свадбата, а веднаш по венчавката си го променил и презимето во Адам Ремзи Пити.
Од семејството на Адам, единствено сестра му Бет добила покана, како и неговиот татко Марк. Но, тој одлучил да не присуствува, од почит кон сопругата, односно мајката на Адам.
Семејниот конфликт во семејството на Адам веќе го споредуваат со оној на Бекамови. Исто како него, Бруклин Бекам прекина контакт со родителите и го зеде презимето на сопругата Никол Пелц.
Гордон Ремзи, пак, како да додаде гориво на огнот со неговиот говор на свадбата - изјавил дека неговата сопруга Тана ќе биде добра мајка и за ќерка му, и за зетот.
Според изворите, Адам дури и ги блокирал броевите на неговите родители.
Па, кој е Адам Ремзи Пети и зошто го влошил односот со родителите?
Роден во 1994 година, Адам е еден од најнаградуваните британски пливачи од изминатите неколку децении.
Минатото лето освои сребро на Олимписките игри во Париз, а може да се пофали и со низа сребрени и златни медали на престижни натпревари
Во својата кариера има срушено и 14 светски рекорди.
Но, приватно, Адам се соочуваше со депресија и проблеми со алкохолизам.
Во 2020 година, Адам и неговата тогашна девојка добија дете, но по две години се разделија.
Разделбата со девојката, заедно со малиот застој во неговата кариера, му создал проблеми со менталното здравје на пливачот, но и проблеми со алкохолизам.
И, ова не било првпат Адам да се соочува со алкохолизам – откри дека првпат почнал да пие уште во 2018-та.
„Кон крајот на годината, немав натпревари. И, бидејќи немав професионални обврски, а многу излегував и пиев, мислам дека претерав.
Како да изгубив контрола и немав никаква мотивација за што било друго. Ми требаше долго време да сфатам што е важно, а што не“.
По разделбата со девојка му, состојбата повторно му се влошила, а откри дека овој пат го спасила верата.
„Секоја недела одам во црква. Ова се случува изминативе неколку месеци и навистина ми помогна.
Сакам да бидам подобра личност. И не само подобар спортист, туку и подобар татко за мојот син“, сподели пливачот во 2023-та.
Овој период Адам направи и пауза од пливањето за да се посвети на своето ментално здравје.
Во меѓувреме, ја почна врската со Холи, ќерката на Гордон Ремзи, а наводно таа имала огромен удел во тоа што му се подобрила состојбата.
Па, до 2024-та повторно се натпреваруваше и истата година освои и сребро на Олимписките игри.