Го зеде презимето на сопругата, го споредуваат со Бруклин Бекам: Кој е новиот зет на Гордон Ремзи (и зошто не зборува со мајка му)?
Адам и Холи ја почнаа врската кон средината на 2023-та, а до крајот на годината си направија и заеднички тетоважи. Се свршија во септември 2024-та.
Тоа што Холи и самата имала проблеми со менталното здравје ѝ помогнало подобро да го разбере Адам.
Имено, на само 18-годишна возраст, Холи двапати се соочила со сексуален напад, поради што имала депресија и анксиозност, па извесен период поминала во болница.
„Не му кажав на никој за лошото искуство цела година. Го закопав длабоко во мојот ум.
Во болницата бев дијагностицирана со посттрауматско стресно нарушување, анксиозност и депресија. Оттогаш одам на терапија трипати неделно“.
Како Адам, и Холи решила да се откаже од алкохолот за да не си ги влоши проблемите со менталното здравје.
„На наша возраст алкохолот е голем дел од социјалниот живот. Но, ако ги најдете вистинските луѓе кои ќе сфатат зошто не пиете, тогаш ќе бидете среќни“.
Што се однесува до односот на Адам со неговите родители, деталите не се баш познати – исто како што е случајот со Бекамови.
Иако Адам и мајка му беа особено блиски и таа му беше најголема поддршка додека да се пробие, сега е јасно дека нивниот однос е многу влошен.
Јавноста почна да шпекулира за конфликтот пред неколку месеци, кога се дозна дека мајката на Адам не била поканета на претсвадбена претстава.
Додека Адам, Холи и нејзиното семејство се забавувале, мајката на пливачот, Керолин, се грижела за неговиот син.
„Плачев и му реков на сопругот дека првпат во животот почувствував дека не сакам да живеам. Јас сум силна жена, но ова ме скрши.
Адам е во канџите на Гордон. Ми се чини дека го одвлекуваат од мене“, сподели Керолин пред неколку месеци.
Подоцна почнаа да се споделуваат извадоци од автобиографијата на Адам, која е издадена во 2021 година.
Овде, тој признава дека бил целосно фокусиран на пливачката креира, поради што страдал неговиот однос со семејството.
Тој пишува дека се срами бидејќи се променил, па дури и се нарекува „себичен спортист“.
Но, што се однесува до конфликтот со мајка му, одбива да каже нешто конкретно.
Прочитајте и: Семејна драма на свадбата на ќерката на Гордон Ремзи – младоженецот не ги поканил родителите, мајка му скршена од болка
Спирова С. | Црнобело