Познати личности кои имале булимија и анорексија (и отворено зборуваа за својата битка)
Кеша
Додека водеше судска битка со продуцентот што го обвини за силување, Кеша се соочувала и со друг проблем – нарушување во исхраната.
„Многу често не јадев и почнав да гладувам до точка кога мислев дека ќе загубам свест. А, колку повеќе ми се влошуваше состојбата, толку повеќе комплименти добивав за изгледот. Бев несреќна, но сите ми велеа дека сум изгледала многу добро“.
На крај, пејачката отишла во центар за лекување и вели дека сега конечно научила дека е поважно да биде здрава, отколку да добива комплименти.
Зое Кравиц
Актерката, која е ќерка на Лени Кравиц, страдала од булимија и анорексија во тинејџерките години, но нарушувањата ја прогонувале и откако пораснала.
Има изјавено дека со познат татко, честопати добивала коментари за изгледот и ѝ било тешка да се сака себеси.
„Мислам дека од една страна притисокот е поради тоа што сум жена, а од друга поради тоа што бев опкружена со славни луѓе. Како да чувствував притисок да изгледам совршено“.
Никол Шерцингер
Цели осум години, Никол Шерцингер страдала од булимија, и тоа додека беше на врвот на лавата со групата Pussycat Dolls.
„Тоа е страшна болест и ова беше многу мрачен период за мене. Мислам дека не знаеше никој бидејќи добро се криев, бев засрамена.
Знаев дека не е нормално или здраво бидејќи се повредував самата. Изгладнувањето ми беше како дрога, моја зависност. Веќе никогаш нема да дозволам да ми се случи тоа“.
Лили Ален
Британската пејачка страдала од булимија на почетокот од кариерата и откри дека притисокот да изгледа совршено имал огромно влијание.
„Го повраќав секој оброк Не сум горда на ова. Но, многу луѓе ми кажуваа колку добро сум изгледала, како ќе ме имало на насловни страници.
Мислев дека изгледам добро, но не бев среќна. Навистина не бев среќна“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





