Познати личности кои имале булимија и анорексија (и отворено зборуваа за својата битка)

Кеша

Додека водеше судска битка со продуцентот што го обвини за силување, Кеша се соочувала и со друг проблем – нарушување во исхраната.

„Многу често не јадев и почнав да гладувам до точка кога мислев дека ќе загубам свест. А, колку повеќе ми се влошуваше состојбата, толку повеќе комплименти добивав за изгледот. Бев несреќна, но сите ми велеа дека сум изгледала многу добро“.

На крај, пејачката отишла во центар за лекување и вели дека сега конечно научила дека е поважно да биде здрава, отколку да добива комплименти.

poznati-lichnosti-koi-imale-bulimija-i-anoreksija-i-otvoreno-zboruvaa-za-svojata-bitka-6.JPG

Зое Кравиц

Актерката, која е ќерка на Лени Кравиц, страдала од булимија и анорексија во тинејџерките години, но нарушувањата ја прогонувале и откако пораснала.

Има изјавено дека со познат татко, честопати добивала коментари за изгледот и ѝ било тешка да се сака себеси.

„Мислам дека од една страна притисокот е поради тоа што сум жена, а од друга поради тоа што бев опкружена со славни луѓе. Како да чувствував притисок да изгледам совршено“.

poznati-lichnosti-koi-imale-bulimija-i-anoreksija-i-otvoreno-zboruvaa-za-svojata-bitka-7.JPG

Никол Шерцингер

Цели осум години, Никол Шерцингер страдала од булимија, и тоа додека беше на врвот на лавата со групата Pussycat Dolls.

„Тоа е страшна болест и ова беше многу мрачен период за мене. Мислам дека не знаеше никој бидејќи добро се криев, бев засрамена.

Знаев дека не е нормално или здраво бидејќи се повредував самата. Изгладнувањето ми беше како дрога, моја зависност. Веќе никогаш нема да дозволам да ми се случи тоа“.

poznati-lichnosti-koi-imale-bulimija-i-anoreksija-i-otvoreno-zboruvaa-za-svojata-bitka-08.JPG

Лили Ален

Британската пејачка страдала од булимија на почетокот од кариерата и откри дека притисокот да изгледа совршено имал огромно влијание.

„Го повраќав секој оброк Не сум горда на ова. Но, многу луѓе ми кажуваа колку добро сум изгледала, како ќе ме имало на насловни страници.

Мислев дека изгледам добро, но не бев среќна. Навистина не бев среќна“.

poznati-lichnosti-koi-imale-bulimija-i-anoreksija-i-otvoreno-zboruvaa-za-svojata-bitka-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека е Ким и зошто ѝ се чудни прстите?“ – Сопругата на Канје Вест привлече внимание со новот... Изгледа Бјанка Сенсори секогаш ги крие рацете и фановите првпат забележаа дека п...
Бебе Реџа, пејачката со дебарски корени, објави оглас за да најде татко за нејзиното бебе - Кои ѝ се... 36-годишната пејачка минатото лето ја посети Македонија, а сега јавно се огласи ...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Колку се промени ликот на Никола Пелц низ годините – од богата тинејџерка до непосакувана снаа на Бе... Од слатко девојче со протези до вистинска убавица која неколкупати го промени им...

Најчитани неделава