Ново „понижување“ за Џеј Ло: „Бен Афлек е подготвен да плати милиони, само за да ја оттргне од својот живот“

Бен и Џеј Ло „мака мачат“ да ја продадат раскошната куќа во која не живееја ни една година. Веќе ја намалија цената за 8 милиони долари, а извори блиски до актерот велат дека тој е подготвен да изгуби многу повеќе пари, ако тоа значи дека конечно ќе се ослободи од Џеј Ло. Ова е како ново „понижување“ за пејачката која се чувствувала гневно што бракот пропаднал бидејќи Бен инсистирал да ѝ дадат втора шанса на врската.

novo-ponizhuvanje-za-dzhej-lo-ben-aflek-e-podgotven-da-plati-milioni-samo-za-da-ja-ottrgne-od-svojot-zhivot01.jpg

Помина една година откако Џеј Ло и Бен Афлек најавија дека се разделуваат (по вторпат), а разводот го финализираа на почетокот од годината.

Иако и двајцата си продолжија со животот, им остана уште еден детаљ што ги поврзува – куќата што ја купија заедно, но во која живееја помалку од една година пред да се разделат.

Парот ја купи раскошната куќа на Беверли Хилс за дури 60 милиони долари, а бидејќи вложиле иста сума, треба да ги поделат парите од продажбата.

novo-ponizhuvanje-za-dzhej-lo-ben-aflek-e-podgotven-da-plati-milioni-samo-za-da-ja-ottrgne-od-svojot-zhivot-05.JPG

Но, по разделбата, никако не можат да ја продадат, без разлика што веќе ја намалија цената за дури осум милиони долари.

Извори блиски до Бен Афлек, пак, велат дека е подготвен да изгуби уште повеќе пари, ако тоа значи дека конечно, целосно ќе ја отстрани Џеј Ло од својот живот.

„Бен и Џеј Ло ја спуштија цената на нивната куќа за осум милиони долари, но ова не е ништо за Бен. Тој навистина сака да ја продаде и да го отстрани она што го држи врзан за Џеј Ло“.

novo-ponizhuvanje-za-dzhej-lo-ben-aflek-e-podgotven-da-plati-milioni-samo-za-da-ja-ottrgne-od-svojot-zhivot-09.JPG

Иако раскошната куќа има 12 спални соби, теретана, па и терен за кошарка, бившите сопружници „мака мачат“ за да ја продадат.

Првично имале договор да ја продадат на анонимен богат купувач, но откако овој договор пропаднал, мораа и да ја објават онлајн.

novo-ponizhuvanje-za-dzhej-lo-ben-aflek-e-podgotven-da-plati-milioni-samo-za-da-ja-ottrgne-od-svojot-zhivot-06.JPG

Бен и Џеј потрошија скоро еден милиони долари во реновирање и декорирање на куќата, па по намалувањето на цената, нивната загуба ќе биде уште поголема.

Сега изворите велат дека овој огромен трошок бил една од многуте причини за раздорот меѓу Бен и Џеј Ло – имено, актерот воопшто не сакал да троши толку пари за дом.

Иако не му пречела сумата што ја платиле, не му се допаѓало што потрошиле уште еден милион за реновирање, а не му се допаѓало ни тоа што куќата е подалеку од домот на Џенифер Гарнер и неговите три деца.

novo-ponizhuvanje-za-dzhej-lo-ben-aflek-e-podgotven-da-plati-milioni-samo-za-da-ja-ottrgne-od-svojot-zhivot-03.JPG

Бидејќи куќата е единственото нешто што го држи „врзан“ за Џеј Ло, актерот бил подготвен да изгуби милиони само за да стави крај на ова поглавје од животот.

„Бен знае дека Џеј Ло ќе биде присутна во неговиот живот бидејќи нивните деца станаа најдобри пријатели. Но, оваа куќа е последниот симбол на нивниот брак.

Бен се надева дека наскоро ќе најдат купувач и не му е гајле ако потроши неколку милиони. Бракот и разводот го чинеа многу пари, па што се уште неколку милиони за него?“

novo-ponizhuvanje-za-dzhej-lo-ben-aflek-e-podgotven-da-plati-milioni-samo-za-da-ja-ottrgne-od-svojot-zhivot-10.JPG

Друг извор вели дека актерот е подготвен конечно да продолжи со животот, без да мисли на Џеј Ло.

„Бен мора да го надмине сето ова. Само сака да си го живее животот. Имал многу успеси, а со тоа доаѓаат и неколку неуспеси.

Тој не планираше да се разведе и да ја продава куќата, но подготвен е да изгуби милиони ако тоа значи дека ќе си ги зачува семејството, кариерата, но и здравјето“.

novo-ponizhuvanje-za-dzhej-lo-ben-aflek-e-podgotven-da-plati-milioni-samo-za-da-ja-ottrgne-od-svojot-zhivot-02.JPG

За потсетување, Бен и Џеј Ло се венчаа во јули 2022 година во Лас Вегас, а следниот месец направија и свадба.

На почетокот од минатата година, престанаа да се појавуваат во јавност, за во август, на втората годишнина од свадбата, Џеј Ло да поднесе барање за развод.

novo-ponizhuvanje-za-dzhej-lo-ben-aflek-e-podgotven-da-plati-milioni-samo-za-da-ja-ottrgne-od-svojot-zhivot-04.JPG

Овој период, извори блиски до пејачката открија дека таа се чувствувала засрамено и понижено од целата ситуација, бидејќи Бен бил тој кој инсистирал да ѝ дадат уште една шанса на врската.

Па, драмата со куќата била како ново „понижување“ за неа.

Прочитајте и: Бен Афлек првпат прозборе за Џеј Ло по разводот: „Не сакам да откривам детали бидејќи сум засрамен“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...

Најчитани неделава