Ја претепа Ријана, 2 пати го избркаа од рехабилитација, го уапсија среде турнеја: Многуте скандали на Крис Браун

По инцидентот со Ријана во 2009-та, се чини дека Крис Браун секоја година минува по неколку денови зад решетки. Последно беше уапсен во мај годинава, откако нападнал музички продуцент со шише текила.

ja-pretepa-rijana-2-pati-go-izbrkaa-od-rehabilitacija-go-uapsija-srede-turneja-mnogute-skandali-na-kris-braun-01.jpg

И покрај успешната музичка кариера, Крис Браун ќе остане запомнет по бројните скандали и проблеми со законот.

Лошото однесување на некогашниот дечко на Ријана влезе во фокус на јавноста по нивната физичка пресметка и, оттогаш, музичарот редовно е апсен и тужен за насилно однесување.

Дел од најголемите скандали на Крис Браун:

Ја истепа Ријана

Во 2009 година, Ријана и Крис Браун беа меѓу омилените слави парови, сè до вечерта кога пејачот не ја нападна физички. Таа година двајцата требаше да настапуваат на доделувањето на Греми наградите, а имаа и по неколку номинации, но ниту еден од нив не отиде на настанот.

По забава организирана во пресрет на наградите, Ријана и Крис се скарале за порака што музичарот ја добил од друга жена. Според полицискиот извештај, тие биле во автомобил кога Крис ја удрил Ријана по левото око. Потоа почнал да вози и додека со едната рака го управувал автомобилот, со другата продолжил да ја удира.

Пејачката беше хоспитализирана со видни повреди на лицето, а за нападот, Крис доби петгодишна условна казна, беше задолжен да извршува општокорисна работа и една година требаше да посетува советувалиште за семејно насилство. 

Пејачката побара и забрана за приближување.

Неколку години подоцна, Ријана прозборе за инцидентот:

„Колку повеќе се вљубуваме еден во друг, толку поопасни станувавме. Бидејќи, тоа меѓу нас беше опсесија“.

ja-pretepa-rijana-2-pati-go-izbrkaa-od-rehabilitacija-go-uapsija-srede-turneja-mnogute-skandali-na-kris-braun-02.JPG

Скрши прозорец за време на гостување во емисија

По инцидентот со Ријана, Крис Браун се држеше настрана од неволји, сè до 2011 година. Откако издаде нов албум, пејачот гостуваше во емисијата Good Morning America, со цел да го промовира и да отпее една од песните.

Тој период, Ријана ја олабави забраната за приближување, па водителот почна да го прашува за тоа. Иако Крис пробуваше да го сврти фокусот на неговата музика, водителот беше упорен, па штом пејачот заврши со музичкиот настап, отиде во соблекувалната, каде што скрши прозорец. Потоа го напушти студиото без блуза.

Подоцна водителот на емисијата откри дека Крис Браун однапред ги имал прашањата, вклучително и оние за Ријана, па на никој не му било јасно зошто изреагирал така.

ja-pretepa-rijana-2-pati-go-izbrkaa-od-rehabilitacija-go-uapsija-srede-turneja-mnogute-skandali-na-kris-braun-03.JPG

Крвава тепачка со Дрејк во ноќен клуб

Во 2012 година, во ноќен клуб во Њујорк, на роденденска забава на која присуствувале Крис Браун и Дрејк избувнал тепачка.

И двајцата музичари имаат историја со Ријана, па наводно ова била причината за тензијата меѓу нив.

Не е познато што точно се случило, но веројатно тие ја почнале тепачката во ноќниот клуб, а користеле и скршени шишиња и чаши. Биле повредени неколку луѓе, па на крај ноќниот клуб и ги тужеше за оштета.

Не е познато каква точно спогодба направиле, но се знае дека ноќниот клуб барал дури 16 милиони евра оштета.

ja-pretepa-rijana-2-pati-go-izbrkaa-od-rehabilitacija-go-uapsija-srede-turneja-mnogute-skandali-na-kris-braun-04.JPG

Беше во затвор бидејќи му удри бокс на фан

Како што му привршуваше условната казна за нападот на Ријана, Крис Браун успеа да си заработи нова.

Во 2013-та, пејачот и неговиот телохранител беа уапсени во Вашингтон, откако Крис му удрил бокс на фан кој сакал да се фотографира со него и му го скршил носот.

Бидејќи претходната условна казна не му беше помината, Крис беше осуден на една година во затвор. Дотогаш веќе бил 234 дена во притвор, па остана зад решетки уште 131 ден.

ja-pretepa-rijana-2-pati-go-izbrkaa-od-rehabilitacija-go-uapsija-srede-turneja-mnogute-skandali-na-kris-braun-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Жена пукала со пиштол кон домот на Ријана додека пејачката била внатре – хеликоптер и полициски вози... Жена на возраст од 30-тина години од автомобил испукала неколку куршуми кон домо...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...

Најчитани неделава