Мистериозно самоубиство, цел живот во количка: Проклетството што ги следи ѕвездите од франшизата „Супермен“
Кристофер Рив
Кристофер Рив е актерот кој најчесто се поврзува со ликот на Супермен. Во период од десетина години, тој се појави во четири филмови со познатиот суперхерој и брзо стана миленик на јавноста.
Но, во 1985 година, доживеа несреќа за време на јавање во која речиси го загуби животот. Се здоби со повреди на ’рбетот поради што беше парализиран од вратот надолу до крајот на животот.
Почина на само 52-годишна возраст од проблеми со срцето, а набрзо потоа почина и неговата сопруга од рак на белите дробови.
Прочитајте и: Беше целосно парализиран, сакал да се самоубие за да не ѝ биде товар на сопругата – Факти за Кристофер Рив, актерот што го глумеше Супермен
Марго Кидер
Марго Кидер ја глумеше Лоис Лејн во филмовите со Кристофер Рив.
Скоро целиот живот таа имаше проблеми со менталното здравје, пред да изврши самоубиство во 2018 година.
Според обдукцијата, актерката се предозирала со лекови и алкохол, а нејзиното тело го нашла нејзина пријателка.
Ли Квигли
Во филмот од 1978 година, Марлон Брандо го глуми биолошкиот татко на Супермен, а во една сцена го гледаме суперхеројот како бебе.
Бебето што се појавува во филмот е Ли Квигли.
По филмот со Супермен, Ли Квигли не се појавил во ништо друго, а починал на само 14-годишна возраст, од вдишување токсичен гас.
Џин Хакман
Оскаровецот го глумеше негативецот Лекс Лутор во три од филмовите каде Кристофер Рив ја има улогата на Супермен.
Иако имаше долга и успешна кариера, последните денови, а можеби и години од животот на актерот биле далеку од среќни.
Во февруари 2025-та, Џин беше пронајден мртво во неговиот дом. Почината беше и неговата сопруга, како и едно од нивните кучиња.
Целиот случај делуваше навистина бизарно и на крај истрагата покажа дека неговата сопруга починала од хантавирус, кој го пренесуваат стаорци.
Џин, пак, бидејќи веќе бил болен и изнемоштен, неколку денови не можел да се грижи за себе, пред да почине од проблеми со срцето.
Прочитајте повеќе: Последните денови на Џин Хакман: Имал деменција и цела недела гладувал, откако сопругата починала од вирус
Спирова С. | Црнобело