Мистериозно самоубиство, цел живот во количка: Проклетството што ги следи ѕвездите од франшизата „Супермен“
- Детали
- сабота, 12 јули 2025
Актерот Кристофер Рив се прослави со улогата на Супермен, но целиот живот го помина во инвалидска количка. Актерката која покрај него ја глумеше Лоис Лејн цел живот имаше проблеми со менталното здравје и на крај изврши самоубиство. Која е приказната зад морничавото „проклетство на Супермен“?

Низ годините, суперхеројот Супермен се претвори во франшиза во чиј склоп се издавани стрипови, филмови, серии, видеоигри и што уште не.
Неодамна премиерно беше прикажан и новиот филм со познатиот суперхерој и иако се очекува да биде летен блокбастер, повторно ги разгоре шпекулациите за „проклетството на Супермен“.
Според урбаната легенда, која е присутна веќе неколку децении, голем дел од актерите и луѓето кои работеле на што било поврзано со Супермен ги следи несреќа, а наводно сè почнува од мажите кои го создале познатиот лик.
Најпознат пример за „проклетството на Супермен“ е тажната судбина на актерот Кристофер Рив кој остана парализиран и животот го помина во инвалидска количка.
Но, тој е далеку од единствената личност која има некаква поврзаност со франшизата, а се соочила со несреќа.
Дел од луѓето кои го искусиле „проклетството“ на своја кожа:
Креаторите на Супермен
Џери Сигел и Џо Шустер се мажите кои стојат зад ликот Супермен.
Тие го измислиле ликот во 1930-тите, но им било тешко да го продадат. Дури во 1938 година, успеале да ги продадат првата на компанијата Detective Comics (денес позната како DC Comics).
Денес Супермен е бренд кој вреди неколку милијарди долари, но тогаш Џери и Џо добиле само 130 долари. Или, ако се земе предвид инфлацијата, добиле околу 2.000 денешни долари.
Бидејќи стриповите со Супермен што ги издавале DC постигнале огромен успех, во 1947-ма креаторите ја тужеле стрип компанијата со надеж дека ќе добијат дел од заработката.
Но, ја изгубиле тужбата и DC си продолжиле да го користат ликот и да заработуваат милиони, без да им дадат и „скршен денар“ на креаторите.
Со години Џери и Џо живееле во сиромаштија и дури ви 1970-тите, по бурни реакции од јавноста, им беше понудена исплата од околу 20.000 долари годишно.
Но, според една анегдота, кога Џери и Џо ја изгубиле тужбата, го проколнале тогашниот директор на DC, а со тоа и самиот лик.
Кирк Алин
Кирк Алин е првиот актер кој го глумел Супермен, и тоа во серијата од 1948 година. Иако претходно добивал многу филмски улоги, по појавувањето во серијата, веќе ретко кој го земал предвид за нешто посериозно.
Па, неговата филмска кариера постепено згаснала, и тоа само поради серијата со Супермен.
Кирк почина на 88-годишна возраст од Алцхајмерова болест.
Џорџ Ривс
И Џорџ Ривс го глумеше Супермен во серија која се емитуваше од 1952 до 1958 година.
Слично како колегата Кирк, по завршувањето на серијата му беше навистина тешко да најде посериозна улога, без разлика што претходно се покажал како добар актер.
Тој почина на 45-годишна возраст од прострелна рана, а според официјалните информации, извршил самоубиство.
Сепак, дел од јавноста смета дека зад неговата насилна смрт се криел некаков заговор и дека актерот не посегнал по својот живот, туку дека бил убиен.