Го бакнува, го гледа заљубено: Дали Лиам Нисон најде љубов во Памела Андерсон, 16 години по смртта на сопругата?
- Детали
- среда, 23 јули 2025
Лиам Нисон и Памела Андерсон се ѕвездите на новото продолжение од серијалот The Naked Gun, а покрај фотките од лондонската премиера на кои изгледаат заљубено, досега во неколку интервјуа имаа само комплименти еден за друг. Па, фановите се убедени дека по низа трагедии, двајцата конечно ја нашле среќата што ја заслужуваат.

Од 2009 година кога почина неговата сопруга, Лиам Нисон немал ниту една сериозна врска, ниту, пак, бил забележан во јавност со друга жена.
Но, сега се шпекулира дека актерот можеби повторно нашол љубов, и тоа со колешката Памела Андерсон.
Лиам Нисон и Памела Андерсон се ѕвездите во новото продолжение од култниот серијал The Naked Gun, а во вторникот (22.07) присуствуваа на премиерата на филмот во Лондон.
И, на црвениот тепих не ги тргаа рацете еден од друг.
58-годишната Памела изгледаше беспрекорно во долг виолетов фустан и без шминка, додека Лиам носеше сив костум со црна маичка.
Додека позираа, беа прегрнати, разговараа насмеани, а во еден миг, Памела и нежно го бакна актерот.
На неколку фотки тие гледаат еден во друг и делуваат дури и како да се заљубени.
А, гласините дека можеби навистина се во врска почнаа да се шират уште пред премиерата и „вљубените“ фотографии.
Во неодамнешно интервју, 73-годишниот актер изјави дека се заљубил во Памела додека ги снимале секс сцените за филот. Лиам изјави дека најзабавниот дел од снимањето му биле секс сцените, за кои имале и координатор за интимност.
„Никогаш не сум работел со таков координатор досега“, сподели актерот.
Тој додаде и дека сега е „лудо вљубен во Памела“, а актерката изјави дека хемијата меѓу нив била толку силна за време на снимањето, што дури и координаторот за интимност се дистанцирал.