Го бакнува, го гледа заљубено: Дали Лиам Нисон најде љубов во Памела Андерсон, 16 години по смртта на сопругата?
Изминативе неколку месеци, Лиам и Памела неколкупати ја искористија можноста да кажат убави зборови еден за друг.
„Таа е прекрасна за соработка. Не можам да најдам доволно убави зборови за неа. Нема его. Само доаѓа и си ја завршува работата. Забавна е и лесно е да се работи со неа.
Знам дека ќе биде прекрасна во филмот. Хемијата меѓу нас беше очигледна уште од почетокот. Многу се почитуваме еден со друг“, кажа Лиам за колешката.
Памела, пак, изјави дека во Лиам нашла вистински пријател:
„Имаме конекција која е многу искрена, со многу љубов. И, тој е прекрасна личност“.
Сепак, извор близок до Лиам тврди дека односот меѓу актерите е сепак само пријателски.
„Лиам одамна знае дека нема да почнува врска со ниту една жена и неговата врска со Памела е ништо повеќе од неверојатно пријателство што ќе го делат засекогаш. Лиам ја сака Памела, но само како пријателка“.
Но, фановите сакаат да веруваат дека меѓу Памела и Лиам има нешто повеќе. И двајцата имале тешки животи, па фановите сметаат дека сега се заслужуваат еден со друг.
Памела Андерсон имаше бурен брак со Томи Ли, а овој период излезе и нивната секс снимка што се одрази ужасно врз репутацијата, но и менталното здравје на актерката.
Подоцна се дозна дека Томи Ли бил и физички насилен, за што беше уапсен.
Тие добија и два сина и иако имаа заедничко старателство, Памела беше таа што најмногу се грижеше за нив.
И Лиам Нисон доби два сина со сопругата која загина во скијачка несреќа во 2009 година.
Низ годините, и Лиам и Памела ги ставале децата на прво место и важат за мошне посветени родители.
Засега може само да се шпекулира дека се пар, но фановите велат дека искрено се надеваат дека заедно ќе ја најдат среќата што ја заслужуваат.
Спирова С. | Црнобело