48 години не погледнал друга жена, трипати ја барал за сопруга пред да рече „да“ - Љубовната приказна на Дензел и Паулета Вашингтон
Во 1995 година Дензел и Паулета ги обновиле брачните завети, а две децении подоцна таблоидите беа преплавени со фотографии што го докажуваат наводното неверство на актерот.
Сопругата не им поверувала на гласините и тогаш изјави дека премногу добро го познава Дензел.

За тоа како е можно толку долго време имаат успешен брак Дензел во една прилика прокоментирал:
„Мора да работите на бракот. Не смеете да се откажете еден од друг. Тоа е посветеност.
Не може цело време да бидете на меден месец, не трае тоа вечно, па затоа мора да работите. И секако, пред сè мора да бидете добри пријатели, тоа помага!“

Денес, актерот вели дека неговата сопруга е најзаслужна за стабилноста во нивниот дом и за задоволството што му го нуди нивниот семеен живот.
„Можете да купите куќа, но тоа нема да ја направи дом.
Не велам дека мажот не може да ја направи куќата - дом, но мојата сопруга ја претвори нашата куќа во дом, ги одгледа овие прекрасни деца, се грижеше за нив и се жртвуваше за нив, ја заврши целата тешка работа“, изјавил Дензел.

Кога ја доби наградата за животно дело на Американскиот филмски институт во 2019 година, тој во говорот рече дека „немал да преживее“ без љубовта и поддршката на неговата сопруга.
„Не би бил жив без Паулета Вашингтон“, гласи неговата изјава.

Додал и дека е „благословен со најдобрата сопруга на светот, која не е само убава и прекрасна сопруга, туку и добра мајка на четири деца, која сè држи заедно“.

А. Ј. | Црнобело